Бајка во Бразил: Нејмар над повредата, после две и пол години запиша хет-трик (ВИДЕО)

December 4, 2025
1 min read
Фото: Сантос Х

Сантос го победи Хувентуд со 3-0 во претпоследното коло од бразилската Серија А и речиси сигурно обезбеди опстанок.

Сите три гола за „светците“ ги постигна Нејмар. Тоа беше првиот хет-трик на првата ѕвезда на Сантос по две и пол години – последниот го постигна кога играше за ПСЖ против Клермон.

Овој, без сомнение, му е далеку поважен и подраг, неспоредливо поважен, бидејќи се случи во натпреварот на сезоната за неговиот матичен клуб, на гостински терен, во борбата за опстанок…

Нејмар, за кого сè уште не е познато дали ќе ја продолжи кариерата во Сантос, исто така го одигра овој меч иако има повреда на менискусот на левото колено, играјќи по втор пат по ред во таа состојба, но тоа не го спречи да блесне и да лета по теренот.

Нејмар го постигна првиот гол во 56-тата минута, по брилијантен контранапад и ефективен финиш, вториот во 65-тата по додавање од Игор Винисиус, за да стави крај на неговиот најдобар натпревар од враќањето во клубот од пенал во 73-тата минута.

На едно коло до крајот, Сантос е 14-ти со 44 бода, два повеќе од првиот тим „под линијата“ Виторија, па бод во последниот натпревар против Крузеиро, дома, практично ќе им го гарантира опстанокот.

Нејмар ја исполни својата мисија во својот сакан клуб…

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американски воен авион се урна во Калифорнија, пилотот се катапултирал

Следно

Докторот кој му продавал „Кетамин“ на Метју Пери, осуден на 2,5 години затвор

Latest from Blog

Русија нападна фабрики на „Филип Морис“ и „Бритиш – aмерикан тобако“ во Украина

Руските вооружени сили извршиле напади врз фабриките на тутунските компании „Филип Морис“ во Харков, во североисточна Украина, и „Бритиш – aмерикан тобако“ во градот Прилуки, во Черниговската област, соопшти руското Министерство за

Сулејмани од утре ќе ги повика синдикалците да бараат решение за културните работници и уметниците

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, во врска со одлуката на Уставниот суд со која се укинува Колективниот договор за култура во целина, како и членот 78љ од Законот за културата,

Кина по изборите на Тајван: Никој не може да го запре обединувањето

Кина утрово предупреди дека „обединувањето“ не може да се запре, реагирајќи на резултатите од локалните избори во Тајван, на кои владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП) го дуплираше бројот на градови и окрузи
Go toTop