Продолжува судењето за пожарот во дискотеката во Кочани, родителите поставија транспарент со фотографиите на загинатите

December 4, 2025
1 min read

Со воведни зборови на одбраната денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.

Откако на минатото рочиште сите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар, родителите на загинатите денеска пред судот поставија транспарент со ликовите на сите 63 деца коишто ги загубија животите во пожарот во дискотеката “Пулс” порачувајќи дека било многу контрадикторно што никој од обвинетите не се изјаснил за виновен.

-Зарем треба ние родителите да ги потсетиме зошто се во судница. Никој од нив немаше ниту грам совест и човечност да ја признае својата вина. А сите ние знаеме кој е виновен и се надевам дека ќе ја добиеме правдата за своите деца, изјави една од мајките.

Денешното рочиште од судењето може да се следи во живо на МИА Youtube и на МИА Facebook.

Адвокатот на обвинетиот Џеваир Камбери од Министерството за економија за случајот „Пулс“, кај кого на минатото рочиште беше речено дека биле пронајдени 13 мобилни телефони и лаптоп, го информираше Судот дека вистинскиот сопственик на уредите е пронајден и прожијавен и го замоли судот да се обрати до Затворот Скопје да го провери тоа.
Пред почетокот на денешното рочиште пред Судот се произнесоа и дел од останатите законски престатавници на оштетените, кои изјавија дека се приклучуваат на кривичниот прогон и преднајавија имотно правно побарување.

Дел од обвинетите на минатото рочиште упатија сочувство кон семејствата на жртвите и нагласија дека го разбираат обвинението, но, не признаа вина за „тешки дела против општата сигурност“.

На минатото рочиште воведни говори даде одбраната на првообвинетиот сопственикот на дискотеката Дејан Јованов, сопственик на ММММ Кафе, Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев и Гроздан Милковски, сопственик на објектот.

Дел од обвинетите во воведните говори, ја оспорија основаноста на обвинението.

Адвокатите нагласија дека нивните клиенти не презеле дејствија кои би имале директна врска со трагичниот настан, и дека поседувале валидна документација. Тие најавија изведување на докази и сведоци кои, според нив, ќе потврдат дека обвинетите не се одговорни за пожарот и дека трагедијата е резултат на институционални пропусти, а не на лична вина.

Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска и се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и бројни новинари.

Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.

На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија ги забрзува инфраструктурните планови: Николоски во Брисел на клучни средби

Следно

Зошто јајцата не треба да се чуваат во фрижидер? Причината што ја откри готвач го шокираше интернетот

Latest from Blog

Пишувањето писма повторно во мода: Младите бараат начин на поврзаност, далеку од екраните

Во време кога секоја секунда се мери преку продуктивност, а екраните ја избришаа границата меѓу работата и приватниот живот, сè повеќе луѓе почнуваат со употреба на поинаков начин на комуникација. Пишувањето писма,

Димитриеска Кочоска: Поддршката од Светска банка е клучна за економските реформи

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска оствари средба со директорката на Канцеларијата на Светска банка во земјава, Карол Межеван, на која беа разгледани приоритетите за поддршка на клучните реформи преку Рамката за

Кајли Џенер – најмладата самостојно стекната милијардерка во светот

Џенер е основачка на козметичката компанија Кајли Козметикс (Kylie Cosmetics), која, според процените, во 2018 година остварила приход од околу 360 милиони долари. Вкупното нето богатство на Џенер се проценува на една

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци

Правните застапници на британскиот принц Хари и шест други јавни личности го обвинија „Асошиејтед њузпејперс лтд.“ – издавач на „Дејли мејл“ и „Мејл он сандеј“, за „јасно, систематско и долгорочно незаконско собирање
Go toTop