Коњановски: Битола инвестира во достоинствено и активно стареење

December 3, 2025
1 min read

Во Битола вечерва беше пуштен во употреба реконструираниот Дневен центар за стари лица со активно стареење – услуга што се реализира преку грант од Светска банка во партнерство меѓу Општина Битола и Општинската организација на Црвениот крст.

Проектот има за цел да обезбеди поддршка за лицата од третата доба и да спречи нивна потреба од вонсемејна заштита. Преку организирани активности, стручна грижа и социјална поддршка, центарот ќе придонесе за подобрување и одржување на квалитетот на живот на старите лица.

На свеченото отворање присуствуваа генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити, претседателката на битолскиот Црвен крст Лилјана Ристевска, секретарот Кристијан Крстевски, градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски.

Градоначалникот Коњановски истакна дека Црвениот крст е „збир на човечност“ и додаде дека општината и годинава издвојува средства за обуки за лични асистенти, за нега во дом, поддршка за бездомни лица и за проектот „Итно копче“, кој треба да стартува до крајот на годината.

Општина Битола претходно склучи договор за грант со Министерството за социјална политика и Црвениот крст, преку кој се овозможи отворањето на овој дневен центар како дел од третериот повик за развој на социјални услуги поддржан од Светска банка.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николовски на форум во Брисел: Македонија останува фокусирана на Европа

Следно

Арсовска-Манов: До крај на декември „Сејф сити“ во Куманово и Тетово

Latest from Blog

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop