Нов светски рекорд „ЗИМСКОТО ЈАЈЦЕ“ НА ФАБЕРЖЕ ПРОДАДЕНО ЗА 30,2 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

December 3, 2025
1 min read

Кристалното јајце на
Фаберже, украсено со дијаманти, кое некогаш ѝ припаѓало на руската царска
фамилија, е продадено за рекордни 22,9 милиони фунти (30,2 милиони долари) во
Лондон.

„Зимското
јајце“ – кое се смета за едно од најубавите дела на славниот изработувач на
накит – во вторникот го купил анонимен купувач, соопшти аукциската куќа Кристи,
пренесува BBC.

Јајцето
е украсено со 4.500 дијаманти, а го нарачал царот Николај II во 1913 година
како божиќен подарок за својата мајка, царицата-вдовица Марија Фјодоровна.

Претходниот
рекорд за јајце на Фаберже изнесувал 8,9 милиони фунти, платени на аукција во
2007 година.

Како
што беше соопштено од Кристи, резултатот од аукцијата претставува нов светски
рекорд за Фаберже, потврдувајќи го трајното значење на ова ремек-дело.

Јајцето
високо 8,2 см го создал Карл Фаберже, врз основа на дизајн на Алма Терезија
Фил, една од само двете жени мајстори во компанијата за накит во Санкт
Петербург.

Изрезбано е од горски кристал и украсено со дијаманти
сечени во форма на роза, како и со мотиви на снежинки од платина, а јајцето се
отвора и открива внатре кошничка со букет бело кварцно цвеќе.

Јајцата
се изработувале од 1885 до 1917 година, кога царот Николај II бил принуден да
абдицира.

Традицијата
со јајцата ја започнал цар Александар III, кој секој Велигден ѝ подарувал јајце
на својата сопруга, додека неговиот наследник Николај II подароците ги давал на
својата сопруга и на својата мајка.

По
погубувањето на цар Николај II и неговото семејство во 1918 година, лондонски
трговец го купил јајцето за 450 фунти, откако осиромашените комунистички власти
во 1920 година продале дел од руските уметнички богатства.

Јајцето
неколку пати го менувало сопственикот и две децении се верувало дека е
изгубено, сè додека повторно не се појавило на аукција во Кристи во 1994
година, со проценета вредност од седум милиони швајцарски франци, а билo
повторно продадено во 2002 година за 9,6 милиони франци.

Куќата
Фаберже изработила само 50 јајца за руската царска фамилија Романови, а
Царското зимско јајце е едно од само седумте што останале во приватна
сопственост.

Останатите
јајца или се исчезнати или се во сопственост на институции или музеи.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Куња се враќа утре со Вест Хем, Шешко и Мегваер во „аут“

Следно

Креаторката на првата ВИ-актерка одговори на критиките од Холивуд: Нема да ви ја украдат работата

Latest from Blog

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на

Проданоски: Заедно со граѓаните ги утврдуваме приоритетите за Буџетот за 2027 година

Општина Прилеп започнува средби со граѓаните во рамките на консултациите за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски ги повика жителите активно да се вклучат со предлози и идеи

Масакр по комеморација во Јужна Африка: Четворица загинати, меѓу повредените има и дете

Осомничениот напаѓач е во притвор откако се предал на полицијата, пренесе АП. Пукањето се случило доцна синоќа, а меѓу повредените има и дете. Полицијата првично извести дека двајца мажи загинале на самото

Јамал брутално му одговори на Лемина, но ја исполни и желбата на неговите деца (Фото)

Ламин Јамал му одговори на Марио Лемина по нивниот вербален дуел на натпреварот меѓу Галатасарај и Барселона во Лигата на шампионите, но фудбалерот на турскиот тим подоцна ги смири страстите со порака

„Каде е факелот за Груби?“ – ВЛЕН со порака до Ахмети и врвот на ДУИ

ВЛЕН упати критики до раководството на ДУИ по излегувањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби од куќен притвор, оценувајќи дека престанокот на оваа мерка не значи и крај на судската постапка против него.
Go toTop