Бајден нареди построги контроли за купувачите на оружје

March 15, 2023
1 min read

САД ги имаат некои од најслабите закони за оружје во споредба со другите индустриски развиени земји. Со повеќе од 40 000 смртни случаи од оружје во САД годишно, Бајден се надева дека гласачите на претседателските избори во 2024 година ќе поддржат засилена контрола на оружјето

Американскиот претседател Џо Бајден воведе извршна наредба со која се зајакнуваат проверките на потеклото на купувачите на оружје и правилата кои дозволуваат на потенцијално опасно лице привремено да му се одземе огненото оружје.

Според Бајден, ова е најсеопфатната политика што претседателот може да ја донесе без Конгресот.

Целта на наредбата е да се зајакне поддршката на федералната влада во обидот да се спречи продажбата на оружје кое се смета за опасно со закон. Наредбата на Бајден, исто така, поттикнува безбедно складирање на оружје и бара од Федералната трговска комисија да истражи како производителите продаваат огнено оружје, особено на малолетници. Одредбата предвидува и финансирање на сојузните држави за спроведување на т.н. закони со црвено знаме со кои на осудените домашни насилници им се забранува да купуваат оружје.

„Мојата извршна наредба го упатува мојот државен обвинител да ги преземе сите можни законски дејствија за да нè придвижи што е можно поблиску до универзални проверки на позадината на потеклото на оружје без ново законодавство“,

рече Бајден.

Со повеќе од 40 000 смртни случаи од оружје во САД годишно, Бајден се надева дека гласачите на претседателските избори во 2024 година ќе поддржат засилена контрола на оружјето.

Агенцијата Ројтерс пишува дека нејзината анкета спроведена заедно со Ипсос минатата година, покажала оти 84 отсто од испитаниците поддржале проверка на потеклото за сите продажби на огнено оружје, а 70 проценти од испитаниците ги поддржале и законите со црвено знаме. Анкетата, додава Ројтерс, е спроведена откако лани во учишиште во Тексас маж уби 19 ученици и двајца наставници.

САД ги имаат некои од најслабите закони за оружје во споредба со другите индустриски развиени земји и најмногу оружје во светот – 390 милиони или 1,2 пиштоли по глава на жител. 

Околу 43 000 Американци годишно умираат од вооружено насилство или повеќе од 116 луѓе во просек секој ден.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Големи проблеми за Клоп пред реваншот со Реал во ЛШ

Следно

Бразилскиот претседател Лула нема да оди ниту во Русија, ниту во Украина

Latest from Blog

Трамп: Не ни треба помош од никого!

„Соединетите Американски Држави беа информирани од повеќето наши „сојузници“ во НАТО дека не сакаат да се вклучат во нашата воена операција против терористичкиот режим на Иран на Блискиот Исток, и покрај фактот

Пониски цени за над 300 лека, меѓу кои и „Ксарелто“ за третман на кардиоваскуларни заболувања

Министерството за здравство ја информира јавноста дека е спроведено годишното усогласување на максималните цени на лековите за 2026 година, согласно важечката методологија за формирање на цените. – Цените на лековите претставуваат клучен

Нов систем за енергетски инвестиции: Општините ќе мора да имаат план пред да инвестираат

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека во „Службен весник на Република Северна Македонија“е објавен Правилникот за формат, содржина и методологија за изработка на општинскиот енергетски план. Со

Германците со провокација до Арсенал пред мечот од Лигата на шампиони

Фото: Screenshot (Bayer Leverkusen/Facebook) Баер Лезеркузен ја загреа атмосферата пред вечервашниот (20:45) реванш натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на стадионот „Емирати“, исмејувајќи го потпирањето на Арсенал од прекините на натпреварите.
Go toTop