Мурал со приказни од дијаспората – ново уметничко обележје во Битола

November 29, 2025
1 min read

Во центарот на Битола, со пригодна свеченост беше откриен муралот на австралискиот уметник Финтан Скот Меги, создаден по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Австралија.

„Фантастично е што сум тука, посебно ми е драго што се запознав со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Овој мурал, кој сè уште не е целосно довршен, ќе носи симболи на двете земји и ќе ги одразува нашите меѓусебни односи“, изјави Австралискиот амбасадор Н.Е. Петер Трасвел, кој заедно со почесниот конзул присуствуваше на настанот.

Градоначалникот Тони Коњановски истакна дека муралот е уште еден доказ за блиските врски меѓу Македонија и Австралија.

„Овој мурал го промовира пријателството меѓу двете земји и нашата голема дијаспора која сè почесто се враќа во татковината. Тој ќе биде силен симбол на нашите односи токму во годината кога одбележуваме 30 години дипломатски врски“, рече Коњановски.

Тој додаде дека градот ќе продолжи со иницијативи за уметничко разубавување на јавните простори преку нови мурали.

Уметникот Финтан Скот Меги, кој има изработено дела во многу европски и светски земји, нагласи дека преку уметноста сака да ја пренесе човечката приказна.

„Преку предметите што ги прикажувам во муралите ги пренесувам искуствата на луѓето кои доаѓале во Австралија. Овој мурал ќе ги одразува пријателските односи меѓу луѓето“, изјави тој.

Муралот е поставен на фасада во близина на некогашната стоковна куќа „Јавор“.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 19 лица загинаа при превртување на брод на езеро во Конго

Следно

За малку сензација: Баерн со голови во судиското продолжение го “реши“ Сент Паули!

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop