Руски борбен авион се судри со американско беспилотно летало над Црното Море

March 14, 2023
1 min read

Дронот бил на рутинска мисија во меѓународниот воздушен простор кога два руски авиони се обиделе да го пресретнат поради што американските сили морале да го урнат во меѓународните води, велат од американските воздухопловни сили

Руски борбен авион „Су-27“ се судри со американско беспилотно летало „ MQ-9 рипер“ над Црното Море, принудувајќи ги САД да го соборат својот беспилотен авион, соопшти американската војска, пренесува Би-би-си.

Дронот бил на рутинска мисија во меѓународниот воздушен простор кога два руски авиони се обиделе да го пресретнат.

„Нашето летало ‘MQ-9’ вршеше рутински операции во меѓународниот воздушен простор кога беше пресретнато и погодено од руски авион, поради што американските сили мораа да го урнат во меѓународните води“,

изјави генералот на американските воздухопловни сили Џејмс Хекер.

Од американската команда додаваат дека неколку пати пред судирот „Су-27“ фрлил гориво и летал пред „MQ-9“ на „непромислен, еколошки нездрав и непрофесионален начин“.

„Овој инцидент покажува недостаток на компетентност, покрај тоа што е небезбеден и непрофесионален“,

додаде американската команда.

Европската команда на САД соопшти дека инцидентот е резултат на „непрофесионален чин на Русите“.

Американските и сојузничките сили ќе продолжат да дејствуваат во меѓународниот воздушен простор, се додава во соопштението.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби изјави дека руски авиони во минатото пресретнувале американски беспилотни летала, но додаде дека денешниот инцидент е „непромислен и единствен“ бидејќи резултирал со губење на дронот.

Беспилотните летала „MQ-9 рипер“ се големи беспилотни авиони дизајнирани за долготраен надзор и надморска височина.

Руски и американски авиони летаа над Црното Море за време на војната, но ова е прва позната таква интеракција, која беше потенцијално опасна и можеше да ескалира во критичен момент од борбите, пишува Си-ен-ен.

САД оперираат со беспилотни летала „MQ-9 рипер“ над Црното Море уште пред почетокот на војната, користејќи шпионски беспилотни летала за да ја надгледуваат областа. Беспилотните летала „MQ-9 рипер“ можат да летаат до 50 000 стапки, според воздухопловните сили, и тие имаат сензори и способности да собираат разузнавачки информации и да вршат извидување подолг временски период, што го прави идеална платформа за следење на движењата на бојното поле и во Црното Море, додаваат од Си-ен-ен.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПЕСНАТА НА АЦО ШОПОВ СЕ ИЗВИШУВА НАД ГОДИНИТЕ, РЕЧЕ ВЕЛЕ СМИЛЕВСКИ НА 100-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ПОЕТОТ

Следно

Руски авион ловец Су-27 се судри со американски дрон MQ-9 Reaper над Црното Море

Latest from Blog

Фока не сака да излезе од кафуле- сопственичката му нарача лосос: Мислев дека е куче (ВИДЕО)

Во една дождлива, поспана неделна вечер, бебе фока влегло во кафулето и почнало да го истражува новиот терен, објавува АП. „Сите бевме шокирани“ На гостите им е дозволено да носат домашни миленици

Овиедо и Мајорка одиграа без голови

Здодевен и меч кој бргу ќе се заборави доиграа вечерва екипите на Осасуна и Мајорка во рамките од новото коло во Примера шпанскиот шампионат. Во дуел во кој бодовите и на двата

Проданоски најавува поддршка за тутунопроизводителите и стабилна економија во Прилеп

Денес, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, ја посети откупната станица на Тутунскиот комбинат – Прилеп за да се информира за текот на

На ова место поставете ја новогодишната елка за да привлечете здравје и пари

Древната кинеска техника за уредување на просторот, Фенг шуи препорачува за време на новогодишните празници домот да ви биде украсен со боите на оганот, за да се привлече таква енергија. Токму затоа,

Стојаноска: На Конгресот ќе ја зацврстиме победата и ќе го трасираме патот за иднината со новата стратегија

Дафина Стојаноска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа, каде зборуваше за подготовките, значењето и очекувањата од претстојниот 18-ти Конгрес на партијата, кој
Go toTop