Дебилната кансел култура нема да ме натера да се плашам од пропаста на мојот углед

March 14, 2023
3 mins read

Ќе ми беше многу полесно ако се изнесеше што конкретно ми се забележува, бидејќи во нашата комуникација цел ден имаше куп недоразбирања и несогласувања. Вака изгледа како некоја нејзина медиумска тактика, ама ако, ќе пробам таксативно да набројам и да ги признам сите мои недела. Ќе ја замолам дотичната госпоѓица да ме дополни ако сум заборавил некое недело.

Цел ден бев надрндан и саркастичен заради фактот дека толку брзоплето упаднав во нешто што нема врска со мојот сензибилитет и уверувања.

Пред сè заради моето противење јавно да го снимаме семејството на кое му се помага и со тоа да го стигматизираме во јавноста. Тоа ми се чинеше ужасно сурово, не можев да сфатам како тоа некому му е „кул“и да мисли дека со тоа прави добро дело. Емисиите ги чекирав површно, не ни забележав дека семејствата на кои им се помага се изложуваат на медиуми. 

Гласно се противев пред екипата, ама бидејќи локалците веќе се израдувале што учествувам во добротворната акција, бев ставен пред свршен чин.

Не ми остануваше ништо друго освен да пиздам. На пример, заради перманентните поправки на продуцентката на секој моја реченица во врска со било што. Тоа требаше да се издржи.

Потоа и заради бесрамното кокетирање и пренемагање, кое цел ден ми одеше на нерви.

Заради лажното морализирање и инсистирање колку е тоа хумано, а во суштина социјално загрозени се изложуваат на медиуми заради нејзина лична промоција.

Заради фактот дека генералниот спонзор на емисијата е фирма која држи кладилници, а знаеме дека тоа моментално е најголемиот проблем и најбрз пат до сиромаштија, против која овој серијал демек се бори.  

Но, да потсетам, обвинет сум и јавно осуден заради сексуално вознемирување и малтретирање. Еве да прецизирам.

Дотичната госпоѓица, додека се приближувавме до куќата на социјално загрозеното семејство, сосема непланирано ја пипнав, штипнав или плеснав по газето, сега појма немам. Тоа немаше никаква врска со секс, барем не од моја страна. Сакав некако да ѝ дадам до знаење дека немам веќе што, дека ме довела во понижувачка положба. Некаков последен обид да се откаже од грубиот упад во интимата на едно семејство. Несреќно артикулиран квази-другарски аларм. Сексистичен можеби, сексуален не.

Никој тоа не го виде, ни таа не се бунеше, би можел да негирам, ама ме мрзи да фолирам. Не сум таков лик. Значи плеснав, пипнав или штипнав (работа на форензичка интерпретација) во траење од една секунда. Верувам дека постојат сателитски снимки кои би можеле тоа да го потврдат, денес и онака се снима секоја педа од планетата.

Подоцна во текот на снимањето, во станчето на загрозената фамилија, додека не успевав да ја контролирам мојата огромна вознемиреност па пред камера пцуев и по општество и по држава што мораме да питачиме за на некои луѓе да им помогнеме да го наполнат фрижидерот, дотичната покажа полна присебност и ладнокрвност. После снимањето, на самата разделба, тргна да демонстрира некаква театрална лутина и бараше да се извинам.

Откако не го доби моето задоволувачко извинување, тргна во хистеричен напад, толку јак, што ѝ реков дека е лудача и дека треба да се лечи. Тоа навистина искрено го мислам и сега. Баш како што истоветно мислам и дека целата медиумска сцена е болна, без скрупули, во која во отсуство на јасни етички начела се прифаќа кансел културата – култура на средновековен лов на вештерки, само во ера на мобилни телефони.

Се разбира дека сакам да нагласам оти мене секој облик на насилство кон кого било, особено кон деца и жени, ми е гнасен и неприфатлив. Но, овде навистина не чувствувам дека сум бил насилен туку само го бранев сопствениот интегритет. На нејзино место, маж би минал многу полошо.

Знам дека сега медиумски ќе ме погребаат затоа што не го прифатив доминантното лицемерие и јавно се извинив. Не можам. Огавно ми е да ѝ се извинувам на личност за која мислам дека е манипулативна, девијантна и зла. Се разбира дека ми е жал што изгубив нерви и допрев нешто што не се допира без дозвола. 

Се разбира дека ми е жал што изгубив нерви и се дерев. Не беше во ред тоа. Меа максима кулпа. Им се изинувам на сите кои од мене очекуваа поквалитетно однесување под притисок. Се надевам дека оваа, нивидум техникалија во извинувањето е јасна.

Напоменувам, бидејќи со тоа се манипулира, дека веќе следното утро, благовремено и самоиницијативно, го известив УНИЦЕФ и писмено и усно дека го замрзнуваме нашиот аранжман додека случајот не се расветли. Тие одреагираа точно онака како што најверојатно мораа.

Дебилната кансел култира кој ја засилува денешната психологија на стадото нема да ме натера да се плашам од пропаста на мојот углед. Ме боли патка за јавниот углед во кој јавната сфера е целосно деградирана.

Започнавте хајка, изволте. Можам да се извинам на младата новинарка, искрено и длабоко, но само со забелешка дека верувам дека има дијагноза и дека по мое лаичко мислење, треба да се лечи.

Може и јас треба да се лечам, кој ќе го знае, не е тоа исклучено. Ако сум сторил нешто противзаконите, ќе платам глоба, или ќе одам в затвор ако немам доволно пари. 

Единственото над кое имам моќ е да не дозволам емитување на деловите на емисијата во кои сум јас. А она што сте го снимале тајно, закачувајте го по социјалните мрежи. Штом го одробувам моето, почнува школата за едрење, напиша Рамбо Амадеус .

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Рашковски: Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена

Следно

(ВИДЕО) Главниот антикорупционер на САД за договорот за автопатите: Ако има сомнежи за корупција, треба да се истражат

Latest from Blog

Македонија реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на својот фејсбук профил сподели објава во која соопшти дека „нашата држава денеска беше реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското

Реслер: Хрватска може да и биде „спонзор“ на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Во услови кога геополитиката е променета, нема место за билатерални уцени, вели хрватскиот европратеник Карло Реслер, кој е и претседавач на Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија. Тој смета дека треба да се

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква. Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе бидат

Градоначалничката на Град Скопје нема да се кандидира на претстојните локални избори

Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска нема да кандидира за нов мандат. Во изјава за медиумите дадена денеска по примопредавањето на шест нови еколошки автобуси за потребите на ЈСП, Арсовска рече дека

Најмалку 9 лица се убиени кога израелските сили бомбардираа училиште во кое се засолнети раселените жители на Газа

ГАЗА (АА) – Најмалку девет лица се убиени во израелски напад врз училиште во кое се засолниле раселени цивили во градот Газа, изјави медицински извор, јавува Анадолу. Очевидци изјавија дека израелските сили
Go toTop