Форд ќе прави коли кои малтретираат

March 14, 2023
1 min read

Форд чека одобрување на патент за систем кој ќе им овозможи на нивните автомобили да ги нервираат корисниците со бескрајни нотификации, звучни сигнали и ѕвончиња па и да ја заклучат колата за сопственикот доколку пропуштил рата за плаќање.

Апликацијата, чедно насловена како „системи и методи за враќање на возилото“, во суштина е показна вежба како автомобил со софтвер поврзан на интернет – особено оној со способности за автономно возење – може да ги казни сопствениците за пропуштени плаќања.

Постојат десетици сценарија за казнување. Лизинг компанијата прво почнува да дрви за неплатените рати, потоа почнува оневозможување на некои функции: прво го затвора музичкиот систем, па ГПС-от, интеграцијата со смартфон и други функции кои „може да предизвикаат одредено ниво на непријатност кај возачот и патниците во возилото“.

Потоа, автомобилот ќе ја ескалира непријатноста гаснејќи ја климатизацијата и попат ќе активира „аудио компонента“ тоест бипер или ѕвонче што ќе биде „непријатно“. Ќе биде невозможно сопственикот да го прекине тој звук без да ја контактира банката и да реши да ги исплати ратите.

Ако не, следува „последна опомена“ пред автомобилот да почне да му се заклучува на сопственикот. На почетокот, тоа може да биде само за време на викендите, „дозволувајќи го користењето на возилото во текот на работните денови“ со цел да се избегне „негативно влијание врз егзистенцијата на сопственикот на возилото“.  Или пак може да одреди „гео-ограда“ вон која не може да се вози. 

Пазете ова, сопственикот ќе треба да покаже слики до надворешните камери на автомобилот за да докаже дека има итен медицински случај за да му се отклучи автомобилот и да стигне до болница.

Доколку заостанатите рати не бидат платени, доаѓаат и го земаат возилото. Доколку сопственикот физички го блокира, автомобилот повикува полиција.

Златни коњи и магаренца.

***********

Види и:

До кога мислите да имате своја кола?

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

В сабота Филхармонија ќе одржи концерт за деца насловен „А Zoo Called Earth“

Следно

Белорусија: Платениците планираат да ја дестабилизираат ситуацијата во земјата

Latest from Blog

Коњановски со честитка по повод Католички Велигден: Да се почитуваме и да создаваме вредности

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните од католичка вероисповед по повод големиот христијански празник Велигден, кој се слави според Грегоријанскиот календар. Во својата порака, Коњановски истакна дека Велигден е

Меџити: Чаир ќе биде центар на женското лидерство во 2026

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, оствари средба со жени лидери, професионалци и јавни личности кои активно придонесуваат за унапредување на улогата на жените во политичкиот и општествениот живот. Средбата се одржа во

Сиљановска-Давкова до католичките верници: Велигден да донесе мудрост и солидарност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Велигден, упати честитка до Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, како и до сите верници од католичка вероисповед изразувајќи искрени желби празничните денови
Go toTop