Screenshot

Акција на Општина Прилеп: Проданоски со увид на работите во речното корито

November 21, 2025
1 min read

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денес изврши увид во градежните активности што се спроведуваат во рамките на акцијата за чистење на големото корито на Градската река. Работите моментално се одвиваат на потегот покрај улицата „Кеј 1-ви Мај“, во населбите Чачорица и Бончејца, каде екипите активно работат веќе една недела.

Според Проданоски, досега се отстранети над 300 кубни метри насип, а активностите ќе продолжат до железничкиот мост на кејската улица. Потоа ќе започне втората фаза од проектот, која опфаќа зафати кон мостот на улицата „Трајко Николоски“.

И покрај интензивните врнежи во последните денови, градоначалникот ги увери граѓаните дека состојбата со водостојот е стабилна и дека во моментов нема опасност од излевање на реката.

 

Тој упати благодарност до јавните комунални претпријатија и Подрачната единица на Водостопанство на Македонија – Прилепско Поле за нивната механизација и активен придонес во акцијата.

Проданоски воедно апелираше до граѓаните да не фрлаат отпад во речното корито, предупредувајќи дека тоа предизвикува штети и можни хаварии, и потсети дека постојат јасно определени локации за соодветно депонирање.

„Мораме сите заедно да се грижиме за побезбеден и почист Прилеп,“ порача градоначалникот.

Видеото може да го погледнете тука

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кос: Сакаме ЕУ да биде опиплива реалност за вашите граѓани

Следно

Милошоски ќе учествува на 4. парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа

Latest from Blog

Овие знаци се плашат од промени

Додека некои сонуваат за авантура и постојано бараат возбуда, други наоѓаат среќа во познатото и предвидливото. Астрологијата открива дека тенденцијата кон рутина не е само прашање на навика, туку е длабоко вкоренета

Почнува скијачката сезона на Попова Шапка

Од утре, недела 11 јануари ќе може да се скија на Попова Шапка, соопштија денес од управата на тетовскиот скијачки центар. По обилните врнежи од снег деновиве, имаше доволна снежна покривка за

Лебот во Штип останува 30 денари – пекарите нема да ги креваат цените

Цената на лебот и белите пецива во штипските пекарници засега ќе остане непроменета, и покрај зголемувањето на цената на електричната енергија. Ова го потврди Николче Малинов, сопственик на една од пекарниците во
Go toTop