Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ прогласен за еден од најдобрите според The Bizz Award

November 20, 2025
1 min read

Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ од Охрид ја доби меѓународната награда The Bizz Award, најпрестижното глобално признание за деловна извонредност што го доделува World Confederation of Businesses (Worldcob).

Наградата е признание не само за деловна извонредност, туку и за континуираниот развој на компанијата, се вели во официјалното известување пратено до д-р специјалист Небојша Баткоски, сопственик и генерален менаџер на центарот.

Она што World Confederation of Businesses (Worldcob) го препозна во во стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ се квалитет на третман, доверба и човечки однос во грижата за пациентите во комбинација со силен бизнис-менаџмент.

„Ова признание од World Confederation of Businesses и наградата The Bizz Award, за нас е потврда дека доследната работа, вложувањето во тимот и грижата за пациентите се забележуваат и надвор од нашата држава. Горди сме што една стоматолошка приказна која започна во Охрид денес се препознава на меѓународно ниво. За мене, како и за целиот тим ова претстува и обврска да продолжиме уште поодговорно, со висок стандард на услуга, професионален однос и постојани вложувања во знаење и технологија, во интерес на нашите пациенти“, изјави Баткоски.

The Bizz Award, веќе две децении ги препознава компаниите што се истакнуваат во области како лидерство, квалитет на производи и услуги, менаџмент-системи, иновации, корпоративна општествена одговорност и постигнати резултати.

Worldcob, приватна бизнис-организација со седиште во САД, обединува илјадници компании од повеќе од стотина земји и преку оваа награда гради меѓународна мрежа на компании кои се позиционираат како пример за професионално и одговорно работење.

„Исклучителните перформанси на Вашата компанија поставија репер, демонстрирајќи ја посветеноста и вредностите што го движат Вашиот успех“, се вели во дописот до „Д-р Баткоски“.

Според организаторот, признанието не се однесува само на постигнатите резултати на клиниката, туку и на лидерството што стои зад нејзиниот развој, како и на трудот и посветеноста на тимот во услови на силна глобална конкуренција. Со изборот за добитник, стоматолошкиот центар добива можност својата практика да ја претстави во поширок меѓународен контекст, рамо до рамо со компании од различни сектори и региони.

Д-р Баткоски е поканет да учествува на претстојните меѓународни настани на WORLDCOB и тоа, THE BIZZ SIGNATURE 2026 во Чикаго, THE BIZZ EUROPE 2026 во Виена и THE BIZZ EUROASIA 2026 во Истанбул.

Овие настани се замислени не само како церемонии за доделување награди, туку и како бизнис-форуми за вмрежување, размена на искуства и дополнително позиционирање на компаниите на глобалната сцена.

Со ова признание, стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ добива уште една потврда за својот досегашен развој и вложувањата во квалитет, организација и професионален тим, со можност тоа да го претстави и пред поширока меѓународна публика.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Науката открива: Првиот бакнеж се случил пред повеќе од 20 милиони години

Следно

Фото: Совршената Џенифер Лопез

Latest from Blog

Драма кај Португалците: Соиграчите го бојкотираат Роналдо?! Тој остави порака на Инстаграм!(ФОТО)

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) И тоа какви проблеми и драми во таборот на Португалците. Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи откако беше критикуван по првиот натпревар на Португалија на Светското

Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати

На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои сè уште активен е пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација,

На денешен ден пред точно педесет години настана легендарната „Паненка“(ВИДЕО)

Дочека светот да слави педесет годишнина од изведувањето на легендарниот пенал „Паненка“. Историскиот момент пред точно пет децении на денешен ден се случи во Белград, на легендарната „Маракана“, каде што тогаш репрезенаттивецот

Проданоски: Трајно го решаваме проблемот со водата во Лениште

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, изврши увид во градежните активности за изградба на нов водоснабдителен систем во селото Лениште. Станува
Go toTop