Купила Барбика од 1962. за само 10 долари, се шокирала кога дознала колку вреди (ФОТО)

November 17, 2025
1 min read

Токму оваа ситуација е снимена во продавница за половна облека, за време на редовно саботно пазарување, кое подоцна стана вирално на мрежите.

Мислела дека е репродукција

Една жена открила на Reddit дека во продавницата наишла на кукла Барби од 1962 година, во нејзиното оригинално пакување.

„Некако, среде толпата, видов ретро Барбика на полицата што се продаваше за десет долари“, објаснила таа.

Не губела време, веднаш ја купила куклата, но верувала дека е репродукција. Подоцна, ја открила неверојатната вистина, купила вистинско богатство – Барби Mattel Platinum Blonde Bubble Cut од 1962 година!

Бројни реакции на корисници

Според податоците од специјализираната веб-страница The Toys Time Forgot, истата кукла моментално се продава за речиси 500 евра. Најновата аукција на eBay заврши со импресивни 610 евра – и тоа за примерок во лоша состојба.

„Оваа има малку зелена боја на ушите, но е во одлична состојба. Мислам дека обетките недостасуваат, но сè друго изгледа неверојатно“, напиша сопственичката, не криејќи го своето изненадување.

Нејзината приказна предизвика бројни реакции од корисниците на Reddit, објавува Daily Record.

„Толку сум љубоморна“

„Тоа е невозможно да се најде! Толку сум љубоморна“, напиша едно лице, додека друго додаде: „Мислам дека е Барби со големина шест или седум, судејќи според црвениот костимот за капење. Одличен улов“.

Многумина изразија неверица дека нешто толку вредно завршило во продавница за половна облека.

„Не знам ништо за историјата на Барби, но дури и јас би помислила дека има нешто посебно во тоа“, напишал еден корисник.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гвардиола:„Светот ја остави Палестина сама, дозволивме Израел да уништи цел еден народ!“

Следно

Кит Урбан се врати на социјалните мрежи по разводот од Никол Кидман (ВИДЕО)

Latest from Blog

Питачите мора да се отстранат од улица – надлежните сериозно да пристапат кон решавање на овој проблем

Здружението „Градиме иднина“ од Скопје, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за социјална политика, демографија и млади, го продолжува проектот „Стоп против питачењето и злоупотребата на децата и нивното

Пеналите донесоа реми помеѓу Алавез и Осасуна

Во последниот дуел од денешната Примера програма,екипите на Алавез и Осасуна одиграа реми 2:2. Дуелот стартуваше со гостинско водство, а стрелец е Рослер кој погоди во четвртата минута. Домаќинот преку Мартинез во
Go toTop