Димитриеска – Кочоска: Европската комисија го потврди македонскиот економски подем

November 17, 2025
1 min read

Есенските економски проекции на Европската комисија покажуваат дека македонската економија се движи во стабилна и позитивна насока. Според извештајот, проекцијата за раст е зголемена за 2025 и 2026 година, што, како што посочува министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, претставува јасна потврда за издржливоста и довербата во економските политики на Владата.

Во првата половина од годинава растот на БДП го надмина очекуваното ниво, поддржан од повисоки инвестиции, засилена приватна потрошувачка и подобрени извозни резултати. Инвестициите во инфраструктурата и приватниот сектор, според министерката, ќе останат клучни двигатели на растот и во следните години.

Стабилизацијата на инфлацијата дополнително ја зајакнува економската предвидливост, а реализацијата на стратешките инфраструктурни проекти и имплементацијата на реформите од Планот за раст на ЕУ се очекува да придонесат за уште побрзо економско забрзување.

„Овие позитивни сигнали од Европската комисија се силен поттик да продолжиме со одговорни политики што ја зајакнуваат економијата и го подобруваат животниот стандард,“ истакна Димитриеска – Кочоска, додавајќи дека Министерството за финансии останува фокусирано на стабилни јавни финансии, насочени инвестиции и реформи кои го поддржуваат одржливиот развој.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Ја избравме Европа за партнер во реализацијата, инвестираме неколку милијарди евра во капитални проекти

Следно

Почна освежувањето на пешачките премини низ Битола

Latest from Blog

Најмалку 30 загинати во пожар во близина на Каиро, експлодирале плински боци во камион

Најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 15 се повредени во пожар што избувна по експлозија на плински боци во камион во гувернеријата Гиза, во близина на египетската престолнина Каиро – соопшти

„Бесни сме. И имаме шест наредби“: Протест во Скопје поради насилството врз жените

  Со едноминутно молчење во спомен на жените и девојките чии животи беа насилно одземени, вечерва во Скопје, започна протестот на Движењето за слобода и правда на жените „Ниту една повеќе“. Протестот
Go toTop