Трамп инвестирал најмалку 82 милиони долари во обврзници, фокусиран на секторите што ги претпочита

November 17, 2025
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп купил корпоративни обврзници во вредност од најмалку 82 милиони долари од крајот на август до почетокот на октомври, вклучувајќи нови инвестиции во сектори што имаат корист од неговите политики, покажуваат финансиските пријави.

Според пројавите објавени од Канцеларијата за владина етика на САД, Трамп од 28 август до 2 октомври направил повеќе од 175 финансиски купувања.

Пријавите, поднесени согласно Законот за транспарентност од 1978 година, наречен Ethics in Government Act, не ги наведуваат точните износи за секое купување, туку даваат само широк опсег. Максималната вкупна вредност на купените обврзници надминува 337 милиони долари, според документите.

Поголемиот дел од средствата наведени во пријавите од саботата се состојат од обврзници издадени од општини, сојузни држави, окрузи, училишни окрузи и други субјекти поврзани со јавни агенции.

Новите инвестиции на Трамп во обврзници опфаќаат неколку индустрии, вклучувајќи сектори кои веќе имаат корист или моментално имаат корист од промените во политиката на неговата администрација, како што е финансиската дерегулација.

Корпоративните обврзници што ги купил Трамп вклучуваат обврзници од производители на чипови како што се „Бродком“ и „Квалком“, технолошки компании како што се „Мета Платформс“, трговци на мало како што се „Хоум Депо“ и „ЦВС Хелт“, и банки од Волстрит како што се „Голдман Сакс“ и „Морган Стенли“.

Купувањата на долгови од инвестициските банки кон крајот на август вклучуваа обврзници од „Џеј-Пи Морган“. Трамп во петокот побара од Министерството за правда на САД да го истражи „Џеј-Пи Морган“ поради неговите врски со починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин. Банката соопшти дека жали за своите минати врски со Епстин и оти не му помогнала да изврши „грозоморни дела“.

Трамп, исто така, купил обврзници на Интел откако владата на САД, под водство на Трамп, купи удел во компанијата.

Трамп, кој го стекна своето богатство во недвижности пред да влезе во политиката, претходно изјави дека ги ставил своите компании во фонд што го надгледуваат неговите деца.

Пријавата поднесена во август покажала дека Трамп купил обврзници во вредност од повеќе од 100 милиони долари откако се вратил на функцијата на 20 јануари. Трамп, исто така, поднел годишна даночна пријава во јуни, која покажала дека приходите од неговите различни потфати сепак завршуваат кај него, што предизвика загриженост за потенцијални судири на интереси.

Во таа годишна пријава, која ја опфаќала календарската 2024 година, Трамп пријавил повеќе од 600 милиони долари приходи од криптовалути, голф објекти, лиценци и други потфати. Исто така, покажа дека неговото влегување во криптовалути значително го зголемило неговото богатство.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Сараево Сафари“: Обвинителството во Милано ја проширува истрагата, Италијанци плаќале за убивање цивили

Следно

Продaноски: Поддршка за предвремено родените деца – заедничка акција на граѓаните и Унијата на жени

Latest from Blog

Коњановски: Испратена техничка и човечка помош за справување со поплавите во Кичево

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека по остварените контакти со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски, и во координација со командирите на противпожарните единици од Битола и Кичево, обезбедена е помош

Во Русија и во повеќе од 20 други земји ќе се одбележи втората годишнина од смртта на Алексеј Навални

Навални, еден од најистакнатите критичари на рускиот претседател Владимир Путин, почина на 16 февруари 2024 година во казнена колонија во Арктичка Русија. Неговиот тим, кој работи во егзил, соопшти дека се планирани

Вечерва нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек

ВЛЕН бара ДУИ да иницира екстрадиција на Артaн Груби за да докаже дека вистински се бори против корупцијата

Коалицијата ВЛЕН реагира на најавата на ДУИ за формирање на, како што го нарекуваат, „локален СПАК“ во Чаир, оценувајќи дека станува збор за политички маркетинг наместо за вистинска борба против корупцијата. Од

ВЛЕН: ДУИ да побара екстрадиција на Артан Груби од албанскиот СПАК

Коалицијата ВЛЕН реагира на најавата на ДУИ за формирање на, како што го нарекуваат, „локален СПАК“ во Чаир, оценувајќи дека станува збор за политички маркетинг наместо за вистинска борба против корупцијата. Од
Go toTop