За три дена им даде пет голови на Португалија и Унгарија и ја однесе Ирска во баражот!

November 16, 2025
1 min read
ФОТО: FAIreland/FB

Кој ли веруваше дека Иркска може да дојде до чудо и да се најде во баражот за СП. Прво да слави против Португалија а денеска да ја победи Унгарија среде Будимпешта, и со тоа да заврши како втора во групата.

Со сензационален пресврт во последното коло од квалификациите, Ирска ја победи Унгарија со 3:2 на гостински терен. Пред натпреварот, на Ирците им беше потребна победа за да го освојат второто место и да продолжат во дополнителните квалификации. Сепак, по првите 45 минути, Ирска заостануваше со 1:2 благодарение на фантастичниот гол на Варга. Сепак, Ирците не се предадоа и во 80-тата минута, Трој Перот го израмни резултатот на 2:2 со својот втор гол. Тоа не беше доволно за Ирска и тие тргнаа со сите сили да постигнат уште еден гол.

Потоа, во последните секунди од играта, една долга топка заврши во шеснаесетникот на Унгарија. Скејлс му ја додаде на Перот, кој комплетира хет-трик и ја носи Ирска на второто место. Трој Перот стана неочекуван херој на Ирска – за само три дена, ги победи Португалија и Унгарија со пет гола и ја одведе својата репрезентација во плејофот за Светското првенство. Откако постигна два гола во победата од 2-0 над Португалија, тој вечерва во Будимпешта одигра незаборавен настап – постигна хет-трик за победа над Унгарија со 3-2, а победничкиот гол, оној што ги исфрли Унгарците од трката и ја турна Ирска во плејофот, беше постигнат во 96-тата минута.

А кој е Трој Парот? Тој е 23-годишен напаѓач роден во Даблин, поранешен играч на Тотенхем кој моментално игра за АЗ во Холандија по неколку позајмици, прво во Англија (Ипсвич, Милвол, МК Донс, Престон Норт Енд) и Холандија (Екселсиор). Перот се смета за еден од најголемите таленти на Ирска уште од тинејџерските години, но неговата кариера не беше права линија – се мачеше со повреди, но сега е подготвен за голем трансфер.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трипуновски: Нема потреба од загриженост кај земјоделците, вршиме контрола на 50-тина договори, ќе го информираме Брисел за исходот

Следно

Србија во временски теснец за НИС- ќе има ли решение за седум дена?

Latest from Blog

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат

Вашингтон го менува фокусот, нов пристап кон западен Балкан – заврши периодот на „градење држави“

Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен

Коњановски: Наследството на Кирил и Методиј живее низ генерациите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“. Во честитката, Коњановски истакнува дека просветителската дејност и големото дело на
Go toTop