Алиу: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа

November 15, 2025
1 min read

„Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа во нашата држава во оваа област. Со заеднички заложби со раководството во континуитет работиме на унапредување на условите за оваа специфична категорија пациенти“, порача министерот за здравство Азир Алиу на отворањето на првата меѓународна конференција за геријатриска и палијативна медицина со меѓународно учество, која се вчера се одржа во Скопје.
Министерот Алиу потсети дека во изминативе неколку месеци оваа установа е зајакната со стручен кадар, односно дека се вработени вкупно 48 лица, од кои 23 негуватели, 22 хигиеничари, двајца возачи и еден лаборант.
„Во моментов, еден доктор е упатен на специјализација по интерна медицина и двајца доктори специјалисти на супспецијализација по геријатриска медицина. За следната година се планирани уште две супспецијализации по геријатриска медицина“, рече министерот Азир Алиу.
Тој истакна дека за оваа специјализирана болница е обезбедена нова медицинска и немедицинска опрема, како што се eлектрохируршка единица на радиобранови, крио-спреј, парен автоклав – воден стерилизатор, болнички наткасни со масички за хранење и справи за физикална терапија.
„Како министер за здравство сакам да креирам политики базирани на податоци и на потреби. Како што популацијата и демографијата се менуваат, така со менувањето на граѓанинот треба да се менува и инфраструктурата на здравството. Така што ќе креирам и понатаму политики кои се потребни за оваа популација и развој на инфраструктура која е потребна“, рече министерот Азир Алиу.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најсовремени еко-технологии од Грин Машинс изложени на водечкиот саем ECOMONDO 2025 во Италија

Следно

Дневен хороскоп за Сабота (15.11.2025)

Latest from Blog

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат

Вашингтон го менува фокусот, нов пристап кон западен Балкан – заврши периодот на „градење држави“

Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен
Go toTop