Најсовремени еко-технологии од Грин Машинс изложени на водечкиот саем ECOMONDO 2025 во Италија

November 15, 2025
1 min read

Грин Машинс учествуваше на саемот во Италија  ECOMONDO 2025, водечкиот италијански настан посветен на зелени технологии, рециклирање и одржлив урбан развој.

На штандот беа изложени целата палета електрични комунални возила на Грин Машинс, вклучувајќи најсовремени решенија за урбано чистење, компактни машини за тесни градски зони, високо продуктивни sweepers со нулта емисија, како и нови технолошки надградби кои нудат пониска бучава, пониски оперативни трошоци и целосно „зелено“ работење.

Тимот на  Грин Машинс на ECOMONDO одржа низа состаноци со партнери, дилери и големи комунални оператори од цела Италија и Европа. Беа презентирани најновите подобрувања во батериската технологија, автономните функции и паметните системи за управување со комунални возила.

Оваа година, штандот на Грин Машинс беше брендиран со мотото „GREEN FORCE“, кое привлече внимание од посетителите и придонесе за силна видливост и препознатливост на брендот во рамките на саемот.

Успешното учество ја потврдува стратегијата на Green Machines да го зајакне своето присуство на европскиот пазар, со посебен акцент на земјите кои активно инвестираат во декарбонизација и современи еколошки решенија за урбано чистење.

Green Machines продолжува со демонстрации, обуки и теренски презентации низ Европа во текот на 2025 година, со цел да ги поддржи градовите и операторите во транзицијата кон поодржлива и поефикасна урбана инфраструктура.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Нашата средина е наш дом“ – Проданоски повика на заедничка еко акција

Следно

Алиу: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа

Latest from Blog

Дебакл на италијанските екипи во ЛШ, Норвежаните покажаа дека може да парираат и на најдобрите

По комплетирањето на второто коло од Лига на шампиони, вкупно девет екипи имаат максимални шест бодови, а осум екипи немаат освоено ниту еден бод. Од 18-те натпревари кои се одиграа синоќа и

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop