ОВА Е НАЈОПАСНИОТ ПРОДУКТ ЗА ИМУНИТЕТОТ ШТО ГО ИМАТЕ ВО ВАШИОТ ДОМ: Често претеруваме, а тоа го прави телото поподложно на инфекции

November 14, 2025
1 min read

Покрај тоа што треба да јадеме за да го зајакнеме
имунолошкиот систем, многу е важно и што да избегнуваме за да биде телото
подготвено да се бори против вирусите.

Во сезоната на вируси и настинки, исхраната е еден од
најважните чекори во превенцијата, а обично зборуваме за храна за зајакнување
на имунитетот. Сепак, она што го јадеме може значително да го ослабне имунолошкиот
систем и да му отежни на телото да се бори против болеста.

Тогаш сме посклони кон инфекции и третманот трае подолго,
со повеќе компликации, па затоа е клучно да се намали внесот на храна што го
намалува имунолошкиот одговор.

Познато е дека алкохолот, пржената храна и транс мастите,
храната со висока содржина на натриум, високо рафинираните зрна и прекумерниот
кофеин го ослабуваат имунолошкиот одговор, а една од најголемите опасности е –
шеќерот.

Како шеќерот влијае на имунитетот?

Експертите истакнуваат дека ограничувањето на внесот на
шеќер придонесува за посилен одговор на белите крвни клетки, што ја намалува
можноста за настинка.

– Премногу додаден шеќер може да го ослабне имунолошкиот
одговор. Високиот шеќер во крвта им отежнува на белите крвни зрнца да ја вршат
својата работа, правејќи ве поподложни на инфекции. Исто така, го поттикнува
воспалението, што дополнително го оптоварува имунолошкиот систем, објаснува д-р
Раџ Дасгупта.

Покрај чистиот шеќер, треба да се држите подалеку и од
храна со додаден шеќер, која брзо ги зголемува нивоата на гликоза во крвта и го
зголемува производството на воспалителни протеини како што се тумор некроза
фактор-алфа (TNF-α), C-реактивен протеин (CRP) и интерлеукин-6 (IL-6), кои
негативно влијаат на имунолошкиот одговор, според студија објавена во 2020
година во медицинското списание Nutrients.

Студија објавена во 2016 година во The American Journal
of the Medical Sciences откри дека високото ниво на шеќер во крвта може да го
блокира одговорот на неутрофилите и фагоцитите, видови на имуни клетки кои
помагаат во заштитата од инфекции.

Исто така, медицинската платформа Healthline наведува
дека високото ниво на шеќер во крвта може да ја оштети функцијата на цревната
бариера и да доведе до бактериска нерамнотежа во цревата, што може да го наруши
имунолошкиот одговор, правејќи го телото поподложно на инфекции.

Шеќерот е удар
за „одбранбениот тим“ на телото

Студија објавена во 2024 година во списанието „Фронтиерс
оф имунологија“ покажа дека консумирањето додадени шеќери може да го намали
бројот на одредени Т-клетки кај жени кои имаат прекумерна тежина или се дебели.

Овие клетки се вид крвни клетки кои му помагаат на телото
да се одбрани од инфекции, а д-р Ума Дарџи ги нарекува белите крвни клетки
„одбранбен тим на телото“.

– Тие постојано циркулираат во крвотокот во потрага по
вируси, бактерии и други патогени – истакнува таа. – Кога ќе најдат закана,
телото добива сигнал да произведува уште повеќе, а потоа ги напаѓаат и
уништуваат патогените, помагајќи му на телото да се излечи.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АЛБАНИЈА И ХРВАТСКА СТАНАА ДЕЛ ОД РУСКО-УКРАИНСКАТА ВОЈНА, ова се пресметките

Следно

На 37 години дознал дека неговата сестра Џун е всушност негова мајка, А ТАА НЕ ЗНАЕЛА КОЈ МУ Е ТАТКО!

Latest from Blog

Британската министерка за надворешни работи ќе биде домаќин на разговори за повторно отворање на Ормуската Теснина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој требаше да одржи телевизиско обраќање вчеравечер, во меѓувреме даде контрадикторни изјави за тоа дали е подготвен да ја запре војната со Иран или да ја ескалира.

„Безбеден град“: За 68.2% намалени прекршоците за минување на црвено светло споредбено со февруари

Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок. -Од вкупниот број на регистрирани

Манчестер Сити го притисна Гвардиола!

ФОТО: Manchester City/FB Манчестер Сити официјално го замоли менаџерот Пеп Гвардиола да открие дали планира да остане на чело на „граѓаните“ до крајот на договорот. Според talkSPORT, луѓето од горните ешалони на

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена
Go toTop