Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај

November 8, 2025
1 min read

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски апелира случајот со директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се истражи докрај. Овој случај, според Трипуновски, е показател дека законите важат подеднакво и за сегашни и за поранешни функционери. Според Трипуновски, нема никаква загрозеност по ИПАРД средствата ниту по националните плаќања што ги имаме како држава.

– Владата покажува неселективна борба против корупцијата и злоупотребата на службената положба. Ваквите случаи во минатото не се случуваа, некако претходната власт сакаше да го затскрие секој криминал. Под притисок на јавноста можеби ќе се преземеше некаков активност, повеќе шминка отколку дела. Ги охрабрувам надлежните институции да го истражат целиот случај до крај затоа што само на тој начин ќе можеме да превенираме некакви идни дејствија во иднина. Воедно, ги повикувам сите граѓани, без разлика дали се правни или физички лица, доколку имаат индиции за вакви случаи, да ги пријават затоа што само на тој начин можеме да делуваме на некакви девијантни или противзаконски дејствија, изјави денеска Трипуновски.

Во однос на барањето на опозицијата за негова оставка од функцијата министер, Трипуновски вели дека не гледа никаква поврзаност.

– Сакам да потенцирам дека Агенцијата е посебна институција, која има посебен менаџмент, посебно управувачко тело така што не гледам никаква поврзаност. Затоа апелирам овој случај да се истражи докрај и доколку има одговорност да се делува согласно законот, рече Трипуновски.

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој беше фатен како прима мито од 400 евра од ветени 50.000 евра за да потпише документ со кој ќе обезбеди користење на финансиски средства од ИПАРД програмата на фирма која не ги исполнува условите.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски на премиера на филм посветен на херојот Стив Наумов

Следно

Две лица загинаа, а седум се повредени во израелски воздушни напади врз Либан

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: По долг застој продолжува изградбата на улицата „Љубљанска“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“, со што по долг период на застој повторно се активира проектот за ставање во функција

Поранешниот градоначалник на Пробиштип под кривична пријава за незаконско одобрување на градба

Поранешен градоначалник на Пробиштип и двајца вработени во општината се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за несовесно работење во службата. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела пријава против три лица

Бејта го отвори изборниот штаб во Гостивар: „Чесност и транспарентност на прво место“

Коалицијата Вреди вчеравечер го отвори својот изборен штаб во Гостивар, со што официјално ја започна кампањата за повторените избори за градоначалник на 11 јануари. Кандидатот на коалицијата, Невзат Бејта, пред присутните ги
Go toTop