Бектеши: Ние не сме кажале дека ќе се вратиме на цените од пред една или две години

January 11, 2023
1 min read

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, одговорајќи на новинарско прашање дали Владата размислува да ја активира мерката за замрзнување на цените, рече дека се разгледуваат сите опции.

Бектеши напомена дека цените на основните прехранбени производи моментно се стабилизирани за разлика од оние во септември и октомври кога имаше нагло зголемување, а кај некои призводи има и намалување.

-Уште еднаш да повторам, ние не сме кажале дека ќе се вратиме на цените од пред една или две години, туку дека ќе има намалување на цените од септември и октомври за седум до 12 – 13 отсто на одредени производи и кај некои производи такво намалување веќе има. Дали треба да има и кај другите производи – да, треба да има и затоа правиме различни мерки за да им излеземе во пресрет на компаниите за да можат тие да донесат такви одлуки и да ги намалат цените. Секогаш зборуваме за производи кои се произведуваат во земјава, а не за тие што се увезуваат зашто таму немаме никакво влијание, освен да замрзнеме маржа на дистрибутерите на трговците на трговците на големо и мало, истакна министерот.

Тој се наврати на досега преземените мерки, потсетувајќи дека лани, по замрзнувањето на цените, се отиде на друга мерка – замрзнување на маржите на трговците на мало и на големо.

-Би сакал да се навратам на претходната година. Треба да ги потсетиме граѓаните дека во ова време, претходната година бевме една од единствените држави каде имаше замрзнување на цените. Кога се прават компаративни анализи мора да се има предвид дека повеќето од цените на основните прехранбени производи во ноември, декември и јануари можеби и биле замрзнати под цените на производството во тој одреден момент. И кога се вадат податоци, и од статистика и од другите релевантни институции, тие ги споредуваат со цените кои биле замрзнати, не биле пазарни цени, рече Бектеши.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Мораме да бидеме подготвени на границата со Белорусија

Следно

Косовската Влада издвои 70.000 евра за објавување на книга на Вокер за Рачак

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Сали во посета на студентскиот дом „Пелагонија“: разговарано за итната потреба од подобрување на стандардот и условите за сместување

Денес, Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, заедно со заменик-министерот за образование, Дритон Сулејмани, реализираа посета на студентскиот дом „Пелагонија“. За време на посетата, тие одблиску се запознаа со условите
Go toTop