Колумна на Мартин Ристевски: ПОСТИЗБОРНО

November 7, 2025
2 mins read

Изборниот процес донесе многу интересни текови за нашата држава.
Историски пресврти во многу општини, крај на една политичка партија и структура која се уште е заробена во 2001 година, како и многу нови предизвици за новите градоначалници а воедно и целиот владин апарат.
Бевме сведоци на една деструктивна и лажна кампања, како и лажно претставување на еден од кандидатите кои дотурка до вториот круг на изборите во Скопје.
Лажна слика за минатото, сегашноста и без визија за иднината, затскриена и претопена во генерацијата која  растеше со леб и паштета, без никакви услови за живот. Но, сепак лажна слика.
Модерната политика тоа не го подразбира како коректно учество на младите во политиката, ниту како тие би можеле да понудат јасна слика кај граѓаните и гласачите, дека политиката е валкана работа во државата, ниту дека 2+2=5.
Напротив, граѓаните избираат практични луѓе, кои знаат да дадат решение на реалните проблеми, како и решавање на горливите прашања што секој ден ги гледаме и живееме.
Од другата страна, многу актуелни градоначалници кои покажаа силни резултати до сега, лесно го потврдија вториот или третиот мандат.
Бутел го зададе силниот удар на ДУИ во првиот круг, а во вториот круг Кичево го нокаутираше од политичката сцена, при што најверојатно му препишаа политичка пензија на субјектот од Мала Речица.
Бројките и гласовите кои официјално беа прикажани на крајот, значи дека граѓаните силно веруваат на владината коалиција и даваат поддршка да го продолжи патот по кој започна, а тоа значи: Многу работа, чесност, транспарентност и одговорност пред граѓаните.
Граѓаните се премногу политични и после толку многу години демократско општество, степенот на политичка култура е доста голем, така граѓаните знаат да одберат што е добро а што не е за нив.
Не бираат граѓаните празни муабети, чаршиски или кафански рекла казала теми, туку личности со практични решенија и добра визија за иднината на општините, градовите и државата како целина.
Времето покажува дека неработниците и лажните политичари, на крајот од денот не можат да продадат приказна на граѓаните за тоа дека се деца на транзицијата, деца на родители кои останале без работа и примања, дека се деца кои се борат против олигархијата, а напротив се закачени на позиции и имаат месечни и годишни примања поголеми од 80% од населението.
Во принцип, тоа се личности најадени, со полни стомаци, кои не може да гладуваат со оној кој навистина нема, и кој добива големи бенефити од мерките на институциите кои тие ги плукаат, како што се пензии, социјална помош, студентски оброк, неповратни кредити за млади претприемачи, итн.
Замајувањето на јавноста е најчесто од овие личности, кои не нудат ниту конкретни ниту било какви решенија, личности кои во институциите каде што раководат или се одговорни немаат никаков процент реализација, но водат политика на социјалните мрежи, а со тоа и пробуваат да ја одвлечат јавноста – пред се младите во друг правец.
Тоа се личности кои положуваат цвеќиња на гробови на комунисти од минатиот век, одат на воени паради кај воени агресори, а по уверување се она што бил Хитлер и неговата партија – лажен социјализам и уште повеќе лажен национализам, идеологија која е најмрачна во историјата на човештвото.
Како за крај, на владата и претстои многу одговорност, а на новите градоначалници им претстои многу работа.
Резултатите не паѓаат од небо, туку до нив се доаѓа со засукување ракави.
Граѓаните ќе бидат сведоци на еден модерен пристап на политиката, а целта е враќање на сите оние кои се иселија и уште побитно – оние кои не гледаа светла иднина тука да останат и да учествуваат во креирањето на својата иднина како и на своите идни генерации.
Друга резервна држава немаме.
Затоа потребно е да имаме верба во институциите и оние кои ги водат, дека може да се изгради држава на темелите со многу работа и со почитување на начелата на праведност, еднаквост на сите пред законите и еднакви можности за сите!
Мартин Ристевски – дипломиран политиколог

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Паоло Ваноли е нов тренер на Фиорентина

Следно

3-те најпосетувани градови во светот: Првиот никој не го очекуваше – мора да ги посетите

Latest from Blog

Кина забрани објавување на оваа снимка од катастрофата, а веќе го обиколи светот (ВИДЕО)

Поројот однесе сè пред себе додека стотици луѓе бегаа за да си го спасат животот. Сцените снимени од камерите за надзор брзо се проширија на социјалните мрежи и телевизиските екрани, но не

Зошто шефот на ЦИА итно отиде во Москва? ИНФОРМАЦИИ ЗА ОПАСНИОТ ПЛАН НА ПУТИН

Станува сè појасно зошто директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, во вторникот брзо отпатува во Москва. Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен командант на британските сили за хемиско, биолошко, радиолошко и нуклеарно оружје, во анализа

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата
Go toTop