Милојевиќ: Сакате оставка? Еве ви ја давам – ја навредуваа мојата фамилија!

November 7, 2025
1 min read
ФОТО:FK Crvena Zvezda/FB

Црвена звезда конечно ја запиша првата победа оваа сезона во европските натпреварувања — минимални 1:0 против Лил. Но, и покрај убавиот повод, прес-конференцијата на Владо Милојевиќ мина во тензична атмосфера, тој ја најави својата оставка.

„Секогаш се зборува за мојот статус. Повеќето мислат дека треба да си заминам. Ќе си одам, немам проблем со тоа. Народот мисли дека повеќе не можам да ѝ дадам на Звезда. Немој да се правиме наивни — сите го пишувавте тоа. Ме навредувате, ја навредувате мојата фамилија. А човек кој никогаш ништо не побарал. Па беше прашање дали сум селектор, дали сум ова или она… Ако си одам денес или утре — на оваа Звезда ѝ дадов нешто. Кој ќе дојде, нека и даде повеќе. Сите ме сменивте, ако не се лажам. Бидете искрени. Не би повеќе за тоа. Искусен сум, немам никаков проблем. Реков, декември доаѓа брзо“, изјави Милојевиќ.

Потоа, видливо вознемирен, продолжи:
„Каде сте виделе дека немам амбиција? Секогаш кога ќе кажам нешто, сум арогантен. Ако направам нешто, сум нервозен. За мене Црвена звезда значи сè. Јас ѝ служам на Звезда, додека сум потребен. Денес добив толку пораки поддршка… Хоќете да кажам дека давам оставка? Еве, давам ја. Оставката е на маса. Нема потреба да влегуваме во детали. Ви благодарам, живи били.“

Пред да ескалира ситуацијата, Милојевиќ накратко се осврна и на самиот меч:
„Стојам цврсто со двете нозе на земја. Кога победувавме и влегувме во Лигата на шампионите, не се радував премногу. Ниту сега чувствувам товар. Ова се мои деца, мој клуб. Секоја победа е добра. Имавме серија која е нормална насекаде во светот, само кај нас се дига прашина. Денес одигравме добар натпревар.“

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јапонија испраќа војска да лови диви мечки

Следно

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

Latest from Blog

Французите го кренаа гласот поради судиите, Дешамп порача: Тие не се нашиот противник

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, изјави дека нема проблем со одлуката на ФИФА натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство меѓу Франција и Мароко да го суди аргентински судиски тим. Одлуката предизвика бројни

Русија го забрани извозот на дизел

Одлуката би можела дополнително да го зголеми притисокот врз глобалниот пазар на гориво, кој веќе е погоден од прекините во снабдувањето предизвикани од војната со Иран. Според податоците собрани од Блумберг врз

Кредибилитетот што го изградила во НАТО, Македонија да го искористи за деблокада во ЕУ, предлага Шекеринска

Кредибилитетот што Северна Македонија го изградила како сигурен, одговорен и рамноправен сојузник во НАТО треба мудро да се искористи за надминување на билатералните предизвици и за откочување на процесот на европска интеграција,

„Ова беше најголемиот грабеж во историјата на светските првенства“

Шпанскиот новинар Маноло Лама не штедеше зборови по драматичната победа на Аргентина над Египет во осминафиналето на Светското првенство, велејќи дека тоа е „најголемото судење во корист на една репрезентација во историјата

Во Барселона забележан нов температурен рекорд

Во многу популарниот туристички град на Шпанија, близината на морето го ублажува чувството на топлина, велат експертите. Земјата речиси навикната на високи температури Шпанската метеоролошка агенција Аемет вчера издаде црвено предупредување за
Go toTop