Бојкоски најавува нулта толеранција за лични навреди и дискредитации во Советот на Битола

November 6, 2025
1 min read

Новoизбраниот претседател на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ, на првата изјава по изборот порача дека во Советот нема да се дозволат лични навреди и дискредитации и дека дебатата мора да се врати на ниво кое одговара на институција што работи во интерес на граѓаните.

„Нема да толерирам лични навреди, без разлика од кого и кон кого се упатени. Советот мора да биде место за конструктивна и достоинствена дискусија, а не простор за лични пресметки,“ истакна Бојкоски.

Тој најави дека ќе се работи на унапредување на деловникот за работа на Советот за да се отстранат сите недоречености со кои се соочувале советниците во претходниот состав, додавајќи дека времето на празни критики завршило.

Бојкоски испрати и порака до градежните компании кои ги изведуваат инфраструктурните проекти во Битола.

„Почитувајте ги роковите и стандардите. Секоја импровизација и неквалитетна изведба ќе биде санкционирана. Толеранција на грешки нема да има,“ рече тој.

Ова е втор мандат на Бојкоски како советник, а за претседател на Советот беше избран со 18 гласа „за“ од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ДУИ.

Во новиот состав ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаат апсолутно мнозинство со 16 советници од вкупно 31. СДСМ има пет, „Поинаку“ четири, Левица два, а по еден советник имаат ЛДП, ДУИ, ЗНАМ и Грин.

Формирани се 19 комисии, од кои 17 ќе ги водат советници од владејачкото мнозинство, додека две – за безбедност и за правата на децата – ќе бидат предводени од претставници на опозицијата.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Омерагиќ: ФФМ дава поттик за развој на женскиот фудбал

Следно

Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“

Latest from Blog

Бројот на загинати во земјотресот во Јапонија се искачи на 28

„Активностите за пребарување и спасување по земјотресот со јачина од 7,1 степен, што се случи во вторникот вечерта, навистина претставуваат трка со времето“, изјави главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара, на прес-конференција

Уапсен гевгеличанец, возел со брзина од 204 километри на час

Гевгеличанец возел „бмв“ со скоро двојно поголема брзина од дозволеното, запрен е и лишен од слобода, следува соодветна пријава. Според информациите на МВР, вчера вечер на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско,

Влатко и Златко Миладиноски носат македонски музички спектакл во Битола

Античкиот театар Хераклеја во Битола беше претесен да ги собере сите љубители на македонската народна музика, кои во голем број присуствуваа на концертот на Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски со оркестарот. Повеќе

ВЛЕН: Почнува реализацијата на инвестицијата од 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово

Започнаа официјалните подготовки за реализација на инвестицијата вредна 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово, соопшти коалицијата ВЛЕН, оценувајќи го проектот како најголем и најзначаен во историјата на оваа здравствена установа.
Go toTop