Повикале комуналци поради смрдеа од станот на сосетка, не биле подготвени за ужасот (ВИДЕО)

October 30, 2025
1 min read

Изворот на непријатниот мирис, како што се покажало, се наоѓал во станот на нивна сосетка, но никој немал поим какво изненадување ги чека.

Реагира и обвинителството

Откако компанијата за комунални услуги влезе во станот, ги пронашле собите полни со ѓубре, како и девет невакцинирани мачки, објавува Вечерњаја Москва.

Људмила Нефедова, раководителка на прес-службата на московското обвинителство, го потврди бизарното откритие.

„Сопственичката на станот собрала огромна количина ѓубре во својот дом“, рече таа.

И покрај предупредувањата и барањата од управителот на зградата да исчисти сè, жената не реагирала. По извршениот увид, обвинителството донесе одлука да ѝ забрани да чува животни во такви услови и ѝ наложиле да ги среди просториите.

Не е изолиран случај

Ова не е изолиран случај во Москва. Пред неколку месеци, друга жителка поминала години без да го исчисти својот стан, во кој на крајот се насобрало повеќе од еден тон ѓубре!

Кога конечно го напуштила својот дом, внатре оставила осум животни. Соседите сè уште страдаат од смрдеата, бидејќи бизарната ситуација не е решена.

Експертите истакнуваат дека ова однесување не само што го загрозува здравјето и безбедноста на сопствениците на становите, туку и на нивните соседи. Во меѓувреме, московските власти разгледуваат дополнителни мерки за спречување на слични случаи и заштита на здравјето на граѓаните.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Нула“ на дуелот меѓу Пиза и Лацио

Следно

Џорџ Клуни му се вратил на алкохолот- Амал му се заканува со развод: Децата се поважни од забавата

Latest from Blog

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС,

Поранешен тренер на Барселона: „Не бев свој таму, но го тренирав Лионел Меси“

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, призна дека периодот на „Камп Ноу“ бил еден од најтешките во неговата професионална кариера. Во интервју тој откри дека не успеал да го покаже вистинскиот карактер

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop