МИЦКОСКИ СО МОЌНА ПОРАКА ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ Ова ќе биде победа на народот и на иднината на Скопје

October 30, 2025
2 mins read

Вториот круг нека биде нашата јасна победа. Не само во бројки, туку победа во свеста. Македонија ќе оди напред. Скопје ќе биде гордост на сите. И победата ќе биде победа на народот, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на завршниот митинг во центарот на Скопје пред гласањето в недела на вториот круг од локалните избори.

Тој порача дека граѓаните не гласаат само за градоначалник или советник, туку гласаат „за ред, за достоинство, за иднина“.

За кандидатот за главниот град, Орце Ѓорѓиевски, Мицкоски рече дека со него „Скопје добива градоначалник кој ќе работи неуморно, вреден борец, посветен, човечен, личност која ќе направи да се гордееме сите, но и кој е свесен дека резултатите и испорачаните проекти се обврска исто како и довербата“.

– Орце Ѓорѓиевски е доказ дека можат да се направат промени кога некој работи со срце. Човек што не ветува без да е сигурен дека може да исполни, и кој испорачува за граѓаните. И кога гледам што Орце направил за Кисела Вода, знам дека истиот дух, истата енергија и истата совесност ќе ја донесе во Скопје. И Скопје ќе влезе во една нова фаза на предвидливост и извршување на обврските. Орце е сериозен, присебен, прилично методичен карактер. Тој ќе го направи Скопје повторно да живее слободно и да дише слободно. Град каде што јавниот превоз нема да е изговор и да се прекршува врз суети и изговори, туку систем; каде што пешачките премини значат безбедност, а не се руски рулет; каде што отпадот е ресурс, а не срам и загаденост. Скопје бара управување, не експеримент. За Орце, Скопје е мрежа на животи. И сега му треба вашиот јасен мандат за Скопје да стане град на ред, чистота, култура, лесно движење, рамно развиени општини и чесна локална економија – истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски повика да се гласа и за нивните кандидати во скопските општини Карпош, Аеродром, Шуто Оризари и Центар, како и во блиската општина Чучер Сандево, затоа што тоа е, рече, вистинскиот избор.

Нагласи и дека на овие избори постои историска шанса за Кичево, каде што, рече, „дваесет години таму немало градоначалник што ја носи нашата програма, нашите вредности, немало човек кој гледа за сите, туку гледал само за себеси“.

– Дваесет години градот беше под управување кое често ги делеше луѓето по вера, народност или партија. Вечерва испраќам порака од овде, од Скопје, до сите кичевчани, и Македонци, и Албанци, и Турци, и Власи, и Роми, Срби, Бошњаци: во недела да гласате за човекот што ќе биде градоначалник на сите. Да се обединиме околу идејата дека Кичево може да биде симбол на соживот, а не на поделби. Да ја направиме историјата вистина: првпат по две децении, Кичево да има градоначалник кој не прашува „чиј си?“, туку „што можеме да направиме заедно?“ Тоа ќе е заедничка историска победа на сите граѓани на Кичево, а ние како влада ќе го помагаме Кичево максимално во свои напори да го подобри животот на сите негови граѓани – порача Мицкоски.

Како што рече, „тука нема етничка приказна, туку сосема човечка димензија“.

– Ова не е повик за етничко гласање, туку за гласање за човек, за човек Македонец со сопруга Албанка, кои се пример за вредности и сила, човек кој ќе работи за сите, за своите кичевчани, ќе биде градоначалник буквално за сите, за Македонците, Албанците, ќе работи и за Турците, Ромите, Власите, Бошњаците, за сите кои таму живеат, без разлика на партија, етникум и верска определба. Тој е човек и ќе работи за Кичево – додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турчин со порака пред својот ресторан во Бар по нападите во Црна Гора- сѐ му запалиле и уништиле

Следно

Ледени лимон коцки кои се топат во уста – Лесни, пенести и миризливи

Latest from Blog

Проданоски: Засадени 6.000 дабови садници на Маркови Кули: Голема еколошка акција во Прилеп

Голема акција за пошумување беше реализирана на локалитетот Маркови Кули во Прилеп, каде во рамки на проект финансиран од Бирото за регионален развој беа засадени вкупно 6.000 садници на даб. Акцијата се

Велбек го „угаси“ Ливерпул

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и

Проданоски: Со 6.000 нови дабови садници ја зајакнуваме зелената иднина на Прилеп

Во рамки на проектот за пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, денеска беа засадени 6.000 садници на даб на локалитетот над новите градски гробишта на патот кон Трескавец. Акцијата, која се

Николоски: Коридор 8 се гради со засилена динамика

Инфраструктурните проекти на паневропските коридори се клучни за економската иднина на земјата, а нивната реализација ќе спречи Македонија да остане изолирана од главните транспортни текови, оцени вицепремиерот и министер за транспорт, Александар
Go toTop