Украина: Русија продолжува со обидите да го заземе Бахмут

March 13, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – Украинскиот Генералштаб соопшти дека руската војска продолжува со обидите да го заземе градот Бахмут, известува Анадолу.

Во соопштението се наведува дека руската војска ги концентрирала своите главни цели на офанзивата во правец на Лиман, Бахмут, Авдијивка, Маринка и Шахтерск.

Руските сили во изминатите неколку дена извршија ракетни напади врз инфраструктурата на градот Славјанск во Доњецката Област.

„Непријателот изведе 6 воздушни напади и 20 напади со ракетни системи“, соопшти украинскиот Генералштаб.

Генералштабот информира дека руските војници продолжуваат со своите напори да го заземат градот Бахмут, нагласувајќи дека украинската војска ги одбила руските напади во местата Минкивка и Орихово-Василивка.

Напади се спроведуваат врз градовите Бохданивка, Бахмут, Часов Јар, Курдумовка, Дружба…



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије ја потресоа неколку земјотреси со јачина над 4 степени по Рихтер

Следно

Изгоре познат ресторан во центарот на Скопје

Latest from Blog

Меџити: Курбан Бајрам носи пораки за жртва, единство и грижа за ближните

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити, по повод Курбан Бајрам упати честитка до верниците, нагласувајќи дека празникот носи пораки за вера, солидарност и меѓусебна грижа. „Во денот на

Меџити со честитка за Курбан Бајрам: Најголемата сила е во добрината

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити, по повод Курбан Бајрам упати честитка до верниците, нагласувајќи дека празникот носи пораки за вера, солидарност и меѓусебна грижа. „Во денот на

Коњановски испрати порака за единство и хуманост по повод Курбан Бајрам

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните од муслиманска вероисповед по повод големиот верски празник Курбан Бајрам, посакувајќи им добро здравје, среќа и благосостојба. Во својата порака, Коњановски истакна дека
Go toTop