Македонија и Србија поблиску до енергетска сигурност преку новиот гасен интерконектор

October 29, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека гасниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Србија ќе создаде нова енергетска оска на стабилност за целиот регион.

На средба со Јована Јоксимовиќ од српското Министерство за рударство и енергетика, Божиновска разговарала за забрзување на сите активности и технички чекори за реализација на проектот, кој ќе овозможи поврзување на гасните системи на двете земји и пристап до алтернативни извори на гас.

„Овој интерконектор е дел од поголема визија – регион кој е енергетски сигурен, поврзан и европски ориентиран. Секој ден побрза реализација значи повеќе стабилност, предвидливост и независност за граѓаните и економијата“, рече Божиновска.

 

Таа додаде дека со овој проект енергетската карта на регионот се редефинира, а Македонија станува активен дел од процесот на регионално енергетско поврзување.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европска земја воведува розови регистарски таблички, еве за што се наменети

Следно

Ѓорѓиевски: Благодарам Вреди! Чаир ќе добие рамномерен развој и нови проекти

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop