Трајановски: Нови клучки на експресниот пат Крива Паланка – Страцин за подобар пристап и поголема безбедност

October 29, 2025
1 min read

По пуштањето во употреба на делницата Крива Паланка – Страцин, се јави потреба од дополнителни клучки за подобра поврзаност со локалната патна мрежа. Токму затоа денеска со мојот тим од ЈПДП, заедно со пратеникот Бране Петрушевски,градоначалникот на Општина Ранковце Борче Спасовски, неговиот тим, како и актуелни советници во советот на општината бевме на терен и извршивме увид на локациите каде што ќе се градат нови две клучки, информира директорот на ЈПДП, Коце Трајановски.

Вели дека за полесен пристап до селата и населените места кај месноста „Десетак“ ќе изградат клучка, а за подобра поврзаност во близина на индустриската зона „ТИРЗ Ранковце“ ќе се гради и клучка Петралица.

-Очекувам наскоро одобрување од надлежните институции на Проектната документација, процес кој е во завршна фаза.
Со овие проекти ќе овозможиме:
Побезбеден и поефикасен сообраќај,
Подобра достапност до образовни, здравствени и економски центри,
Намалено време на патување, како и
Поттик за локалниот развој, туризам и инвестиции.
Посветено работиме на унапредување на патната инфраструктура и обезбедување на современи и безбедни патишта низ целата држава, вели Трајановски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФФМ со најстроги казни по инцидентот во Слупчане

Следно

5 работи во домот кои привлекуваат богатство

Latest from Blog

ПУТИН СЕ ОБРАТИ ДО НАЦИЈАТА: „Пандорината кутија е отворена. Очекувајте жесток одговор“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина „ја отворила Пандорината кутија“ со напади врз руската економска инфраструктура и најави руски напади врз најчувствителните економски сектори во Украина, објави Ројтерс во саботата. Украина

Шест години брендираната гардероба на Боки 13, вредна 600.000 евра, ,,скапува” во магацин

Веќе шест години, во еден од магацините на Агенцијата за управување со одземен имот, стои конфискуваната брендирана гардероба на Бојан Јовановски-Боки 13, вредна речиси 600.000 евра. Во овој период луксузната облека ниту

Путин: Украина ја отвори Пандорината кутија. Нека очекуваат одговор

Украина ги засили нападите со беспилотни летала врз руската економска инфраструктура, вклучувајќи ги и рафинериите за нафта, ова лето, обидувајќи се да ја уништи инфраструктурата за која вели дека е клучна за
Go toTop