Николоски: Од утре стартуваат 11 нови авиолинии од Скопје и Охрид

October 26, 2025
1 min read

Вицепремиерот Александар Николоски најави дека од утре започнуваат 11 нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром, како дел од владините политики за подобрување на воздушната поврзаност и развој на туризмот.

„Политиките на Владата за привлекување на авиолинии ги даваат своите резултати. Од утре, 27 октомври, од Охрид ќе се лета кон Базел — важна дестинација што го поврзува Охрид со туристи од Швајцарија, Франција и Германија“, изјави Николоски.

Од скопскиот аеродром ќе почнат летови кон Стокхолм, Штутгарт, Бари и Ларнака, а од 3 ноември ќе бидат воведени линии до Женева и Мадрид. Од 15 декември ќе се лета и кон Прага и Келн, а во април наредната година и кон Будимпешта и Неапол.

 

Николоски нагласи дека ова претставува „револуција во авиосообраќајот“, бидејќи ваков број нови дестинации не бил отворен со децении.

„Расте бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром, расте бројот на туристи во Македонија и ќе продолжиме во овој правец. Добредојде на сите кои ќе слетаат во Охрид и Скопје и пријатно патување“, порача Николоски.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ѓорѓиевски: Потпишана декларација за обединување за подобро Шуто Оризари

Следно

Потрес во Владата на Словенија: Двајца министри поднесоа оставки

Latest from Blog

Коњановски: „Car Show – Битола 2026“ со рекордна посетеност и богата програма

Исклучителна чест ми беше да го посетам „Car Show – Битола 2026“, настан кој годинава повторно потврди дека Битола може да организира манифестации со меѓународен карактер и високо ниво на организација, истакна

Почна одбројувањето за владините фотелји – кој ќе преживее до први јули?

Од „Илинденска“ потврдуваат дека Мицкоски останува на позицијата внимателно да ги следи состојбите во институциите и реконструкцијата е резултат на неговото незадоволство од функционери што се оддалечуваат од принципите врз кои е

Иран: Мировниот договор со САД зависи од завршувањето на војната во Либан (ВИДЕО)

Иран повторува дека не сака нуклеарно оружје. Спроведувањето на американско-иранскиот мировен договор не е можно ако војната во Либан не заврши, изјави Сејед Мехди Табатабаи, заменик за комуникации и информации во Кабинетот

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола

Од утре до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во земјава и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и Битола, поради завршни градежни работи за проектот
Go toTop