Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на Лорант Винце, претседател на ФУЕН

October 25, 2025
1 min read

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи почесната награда “Илинден” на Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Почесната награда ”Илинден” за 2025 година и беше доделена на Федералната унија на европските националности за заложбите и поддршката што ја дава за Македонците во Република Албанија.

Огромна чест ми беше во име на друштвото и на македонско национално малцинство во Република Албанија лично да му ја предадам на почитуваниот Лорант Винце, претседател на ФУЕН,  почесната награда ”Илинден” доделена на ФУЕН за оваа година – информираше Ѓурѓај.

Ѓурѓај учествува на  69-от Конгрес на унијата што се одржува во Болзано, Италија, на кој вчера едногласно беше усвоена Резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

Во документот стои дека ФУЕН ја повикува Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган, во кој членуваат претставници на деветте малцинства признати во оваа држава, да се трансформира во министерство за национални малцинства.

Исто така, според Ѓурѓај,  ја повикува албанската влада да ја ратификува европската карта за регионалните малцински јазици.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Левичарката Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

Следно

Швебе ги спасуваше „јарците“, но Борусија се спаси во 7. минута од судиското продолжение!

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели
Go toTop