Николов: Власта ништо не направи за јавното здравство за седум години, не верувам дека може да се смени нешто за 11 месеци

March 12, 2023
1 min read

Не е проблемот само со лекови со ретки болести, нема лекови и за некои многу чести болести. Веројатно станува збор за административно одолговлекување, на пациентите ништо не им значи кога ќе им кажете во тек е тендерска постапка. Дополнително потребно е да има брза постапка за лекови за одредени дијагнози, тоа не е реализирано изминатите седум години не знам зошто би се реализирало за следните осум месеци, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во денешната емисија Детектор што се емитува на телевизија Сител.

Николов се осврна и на случајот со родилката во Струга на која непотребно и беа извдни органи, со женета во Прилеп која почина од рутински зафат киретажа и слично.

„Недозволиво е да има вакви случаи. За да се избегнат истите, потребни се корективни мерки. Требаше да сме сведоци на корективни мерки, беа потребни детални извештаи кои треба да ги прават посебни комисии. Јавноста не видела ниту еден извештај за споменатите случаи“, посочи Николов.

Проблем во здравството е што медицинскиот кадар е незадоволен и медицинските работници се повеќе заминуваат надвор.

„Нема никаква активност за задржување на младите лекари во земјава. Нема едукации по што би биле задолжени да работат во јавното здравство. Нема никакви активности ниту за задржување на медицинкскиот кадар во земјава воопшто“, кажа Николов.

Доктор Николов укажа дека приоритет на граѓаните, како и на медицинските лица, е да има нов клинички центар.

„Власта на СДСМ направи стратешка грешка со прекин на договорот за изградба на клинички центар во Скопје. Тоа сега ќе треба да се плаќа, ќе се плаќа казна која не знаеме ни колку ќе чини. На пример, да го имавме тој клинички немаше граѓаните да се лечат во модуларни болници“, заклучи Николов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ппоради скапите станови во оваа европска метропола, разведените се почесто продолжуваат да живеат заедно

Следно

Во Грција одржани демонстрации за загинатите во железничката несреќа

Latest from Blog

Попладнево можни невремиња во поголем дел од земјата

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека попладнево во поголем дел од земјата постојат услови за појава на невреме. Според временската најава, локално се очекуваат пороен дожд, засилен ветер, грмежи, а можна

Херојска ноќ во Битолско: Пожарникарите со часови се бореа да ги заштитат селата

По повеќе од 33 часа непрекината работа на терен, пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите што изминатите денови зафатија повеќе села на територијата на општините Битола, Могила и Новаци. Пожарите избувнаа

Николоски: Македонското небо целосно покриено со најсовремени системи за контрола

Со инсталацијата на новиот ATM систем и новиот радарски систем во М-НАВ, Македонија го унапредува системот за контрола и безбедност на воздушниот сообраќај, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар

ВЛЕН: На Ахмети му доаѓаат тешки денови, случајот „Груби“ отвора низа прашања

ВЛЕН отвора прашања околу политичките случувања во ДУИ и најавите на лидерот Али Ахмети за повлекување од активната политика, поврзувајќи ги со актуелните случувања околу Артан Груби. Во реакцијата се оценува дека
Go toTop