Недостигот на кадар ја кочи индустријата – компаниите вложуваат во младите

October 22, 2025
2 mins read

Недостигот на квалификувани кадри станува најголемиот предизвик на индустријата. Компаниите насочени кон одржлив развој сè повеќе сфаќаат дека вистинската инвестиција не е само во опрема и технологии, туку во луѓе.

Денес, кога индустријата се соочува со хроничен недостиг на квалификуван кадар, вложувањето во младите не е само општествена одговорност тоа е прашање на опстанок. На панелот „Патот кон одржлив развој во рударството“, во рамки на конференцијата „Подекс – Повекс 2025“, претставниците на индустријата потенцираа дека образованието е клучот за одржливо производство и за задржување на младите во земјата.

Инвестиција што останува дома

 

„Социјалната одговорност е исто толку важна колку и еколошката“, изјави Ивица Карапетров, заменик генерален директор на Рудникот за бакар Бучим.
„Ние вложуваме во образованието, даваме стипендии, овозможуваме практична настава и креираме кадар во локалната заедница. Тоа е вистинската одржливост кога младите остануваат во земјата и се вклучуваат во индустријата.“

 

Недостигот на кадар, додава Карапетров, е сериозен предизвик со кој се соочува целиот сектор:
„Голем е недостигот на кадар и тоа многу нè погодува. Последниве години започнавме со програми што имаат конкретен резултат. Прво воведовме дуално образование, потоа почнавме со доделување стипендии, а веќе три години по ред ученици доаѓаат кај нас на пракса во текот на годината. Лани тоа беа ученици не само од средно, туку и од основно училиште.“

Резултатот, според него, веќе е видлив младите се мотивирани да останат и да се развиваат професионално дома:
„И годинава четири деца практикуваат геологија кај нас. Ги земавме да работат затоа што завршуваат средно образование и сакаме да создадеме кадар во заедницата кој ќе им помогне не само на нас како компанија, туку и на другите локални заедници. Да, важно е да се помага, но образованието во моментов треба да го добие целото внимание. Треба да ги задржиме младите во Македонија, затоа што имаме одлив на кадар буквално се ’тепаме‘ со компаниите кој кого ќе земе.“

Од училишна клупа до инженерски професии

Истата грижа ја сподели и Андреј Кепески, менаџер за експлоатација на каменоломи и развој на минерални суровини во Цементарница Усје:
„Ивица е во право и ние се соочуваме со истиот проблем. Затоа го започнавме проектот ‘Иноваториум: клуб на напредни знаења и вештини’, каде што вклучуваме деца од седмо и осмо одделение,“ објасни Кепески. „Им покажуваме инженерски вештини, процеси на производство и им го приближуваме светот на индустријата на начин што ќе им биде интересен. Целта е да им го привлечеме вниманието додека се млади, за кога ќе дојде време за избор на професија – да размислат за насоките што ги нуди техничкото образование.“ Проектот, според него, е вистински пример за корпоративна општествена одговорност со долгорочно влијание:
„Имаме наша работилница и секој што сака може слободно да дојде.“

Образованието како темел на одржливоста

Двете компании, Бучим и Усје, покажуваат дека индустријата и образованието мора да одат рака под рака. Преку дуално образование, стипендии и иновативни програми со младите, тие го градат кадарот што ќе го движи рударството, градежништвото и производството во следните децении.

Општествено одговорните компании вложуваат во иднината во знаењето и во љубопитноста на децата. Не можеме да очекуваме квалификувани инженери ако не почнеме да го градиме интересот уште од мали нозе.

Затоа, можеби највредната инвестиција денес не се машините туку знаењето што останува дома.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кварталните извештаи на американските компании покажуваат најдобри резултати во последните четири години

Следно

Во текот на вчерашниот ден на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 250 мигранти

Latest from Blog

Баба заврши на суд: Добила тужба од ќерката поради фотографии на Фејсбук

Баба од Данска е осудена на условна затворска казна откако нејзината ќерка пријавила во полиција дека објавила фотографии од породувањето на социјалните мрежи без дозвола. Се работи за фотографии на кои се

Теодосиевски: Евтин третокласен балкански хорор филм

Просто е неверојатно до кои и какви перверзни демагогии може да стаса македонскава „либерална“ политика и нејзината верна сенка викана „пајтон интелигенција“. Подготвени се и Нечестивиот да го прогласат за Господ само

Барселона зимава ќе се ослободи од двајца фудбалери од првиот тим

ФОТО:FC Barselona/FB Раководството на Барселона сериозно се подготвува за зимскиот преоден рок. Клубот најверојатно ќе дозволи еден или двајца играчи од првиот тим да си заминат уште сега. Се очекува голманот Марк-Андре

Трамп рече дека ќе воведе дополнителни царини од пет проценти за Мексико поради спорот за водата

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека ќе воведе дополнителни тарифи од 5 проценти за Мексико доколку земјата веднаш не обезбеди дополнителна вода за американските земјоделци. Трамп го обвини Мексико

Вработен во фирма на Илон Маск работел 36 часа без сон: „Да го жртвуваш здравјето и разумот за фирма која би ве заменила истиот ден, не е успех“

Вработен во компанијата „xAI“ која ја води Илон Маск, работел 36 часа без сон, а неговите соработници тоа јавно го славеле како успех вреден за гордеење. Објавата на социјалната мрежа „X“ ја
Go toTop