Мицкоски: Имаме победа во над триесет општини

October 19, 2025
2 mins read

Имаме победа во над триесет општини уште во првиот круг. Разликата е два спорема еден, некаде три спрема еден. Некаде е и многу поголема. Имаме победа и во општини каде СДСМ имаше свои градоначалници, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.

-Победивме убедливо во првиот круг во Струмица. 20 години чекавме за овој ден, 20 години. Имаме победа и во Делчево, победивме и во Берово. Убедлива победа имаме во пелагонијата во Битола, во Прилеп, во Штип имаме , во Кавадарци, Гевгелија, во Свети Николе, во Охрид, во Карбинци, во Демир Хисар, во Новаци, Градско, Бутел, во Ѓорче Петров, Гази Баба, Кисела Вода, во Сопиште, Илинден, Петровец, Јегуновце. Велес, Радовиш, Ресен, повеќе од триесет општини победивме уште во првиот круг. Имаме огромно водство, Орце има огромно водство неколку пати повеќе од својот против кандидат во Скопје. И таму е извесен победник е Орце во вториот круг. Водиме во Карпош. Таму Сотир сам се бореше против сите сојузи и подземни игри и сигурен сум дека ќе имаме победа во втроиот круг. Јасен е трендот дека граѓаните бараат промени во Карпош. Воедно овие избори се и порака за ДУИ. Кога Али Ахмети се удираше во гради дека менувал премиери, реков полека, смири се, почекај непријатно ќе бидеш изненаден од резултатот. Ова е тој ден. Ова што е најважно е што на овие избори политиките на етноцентризам, национализам и вештачки теми за орли и зајци, и теми кои се небитни за граѓаните, се поразени. А се отвора прашањето за реформи во опозицијата. Јас не посакувам послушна опозиција, но далеку поконцетрирана и покапацитетна од оваа којашто збори за орли и за зајци. Во вториот круг нема место за калкулации. За поделби. За суети, рече Мицкоски.

Тој порача нема „мали“ и „големи“ општини.

-Нема „помалку важни“ градови. Постојат само граѓаните кои сакаат достоинствен живот и чиста совест кога ќе го погледнат својот град, својата улица, своето семејство. Ова е моментот кога треба да бидеме едно – како што бевме овие месеци, со срце и разум, и со љубов за Македонија! Да ги повикаме сите. И оние што беа со нас. И оние што се двоумеа. И оние што мислат дека сите се исти: да ја видат разликата. Да ја видат чистата намера. Вистинската работа. Искрената грижа. Да ги убедиме не со зборови, туку со примери. Со тоа како се однесуваме. Со тоа како ги почитуваме. Со тоа што не го делиме народот. Да им покажеме дека ова не е борба за фотелја, туку за чест и за иднина, истакна Мицкоски.

„Во следните две недели ќе одиме од човек до човек. Од куќа до куќа. Не за да убедуваме, туку за да потсетуваме. Оваа држава е наша. Никој нема право повторно да ја врати назад. Промената што ја донесовме мора да се потврди. За Македонија конечно да застане на нозе“, порача тој.

-А кога ќе дојде денот, на вториот круг да излеземе сите масовно. Со истата сила како денес. Со истата вера како денес. Со истата љубов како денес. Да ја потврдиме промената. Да ја заокружиме победата. И да ја започнеме новата етапа на работа, ред и надеж. Ви благодарам народе на Македонија, заедно испишуваме историја. Да сте живи и здрави. Бог да ја благослови Македонија, порача Мицкоски.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Милан е новиот лидер во Серија А: Пресврт и победа за „росонерите“ на „Сан Сиро“

Следно

Мбапе за победа на Реал, Хетафе огорчен на судијата (ВИДЕО)

Latest from Blog

ТРГНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗАГЛАВИЛ ВО ИСТАНБУЛ: Еве уште еден пример зошто не треба да му се верува на CHAT-GPT

Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските

Хаос на „Богородица“: За влез во Македонија се чека и до четири часа, километарски колони на границата

Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“. Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси,

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата
Go toTop