Screenshot

Димитриеска Кочоскa: За твојот човек, за твоето место, за твојата иднина – број 9

October 17, 2025
1 min read

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, од Вашингтон испрати порака со јасна визија за економскиот развој и стабилност на Македонија. По серијата успешни средби со претставници на Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и меѓународни инвеститори, таа истакна дека разговорите биле насочени кон нови можности за поддршка на македонската економија и забрзување на реформските процеси.

„По успешни средби со ММФ, Светска банка и меѓународни инвеститори, време е да се вратиме дома и да продолжиме со работа. Во недела, излези и гласај за број 9 — за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина,“ порача Димитриеска Кочоска.

Видеото може да го погледнете тука

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Момче се шета по тротоар, кога наеднаш се отвори огромна дупка и „го проголта“ (ВИДЕО)

Следно

Инвестиција од американско-британска компанија во наменската воена индустрија во Македонија, најави Мицкоски

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop