Божиновска: Велика Британија е партнер во одржливиот развој на регионот

October 17, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во рамки на состанокот на министрите за економија од Берлинскиот процес во Лондон, оствари средба со британскиот министер за бизнис и трговија и претседател на Одборот за трговија на Обединетото Кралство, Питер Кајл.

На средбата се разговарало за јасната поддршка што Велика Британија ѝ ја дава на Македонија и на регионот во отворањето нови канали за приватни инвестиции во енергетиката, транспортот и инфраструктурата со ниска јаглеродна отпечаток.

Божиновска ја истакна важноста на иницијативата „Бела листа на таксономијата за одржливо финансирање за земјите од Западен Балкан“, заедничка регионална рамка што ќе овозможи полесна идентификација и финансирање на вистински зелени и одржливи проекти.

 

„Со партнерите од Обединетото Кралство ја споделуваме истата визија – да се ослободат нови извори на приватен капитал за зелени инвестиции и да се поттикне економскиот раст на целиот регион“, истакна Божиновска.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Кавадарци утре ќе гласаат 91 болно и изнемоштено лице

Следно

Расте бројот на загинати во експлозијата на зградата во Букурешт

Latest from Blog

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од

Рустемовски блеска на ЕП, има загарантиран медал од континеталниот собир

Македонскиот боксер Ален Рустемовски се пласираше во полуфиналето на Европскоот сениорско првенство во Софија. Нашиот преставник во денешната четвртфинална пресметка беше убедлив и со 4:1 го совлада ерменскиот боксер Артур Бажејан. Со

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на
Go toTop