Николоски: По локалните избори нема предвремени парламентарни, ќе има одговорност за злоупотребите

October 15, 2025
1 min read

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, изјави дека по локалните избори нема да се одржат предвремени парламентарни избори, истакнувајќи дека Владата е стабилна и ќе го реализира целиот мандат до 2028 година.

„Предвремени избори ќе нема, имаме стабилна коалициска влада која функционира одлично,“ изјави Николоски при посетата на Гостивар во рамките на кампањата за локалните избори.

Тој нагласи дека приоритет по завршување на изборите ќе биде расчистувањето во судството и обвинителството, како и, како што рече, „одговорност од сите кои ја злоупотребиле власта од т.н. црна коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица.“

„Разликата помеѓу нас и нив е што ние зборуваме за проекти — не можеме ни да ги наброиме колку се, додека од другата страна има само празни зборови и постојана желба за власт. Минатата година отидоа во опозиција, а сега, по само една година и три месеци, не можат да издржат и постојано бараат предвремени избори. Тоа покажува дека ги интересираат само привилегиите и криминалот од власта,“ изјави Николоски.

Тој дополни дека Владата нема намера да се занимава со политички калкулации, туку со конкретни реформи во правосудниот систем. „Тоа е фокус број еден по завршување на изборите,“ порача Николоски.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе од 12 цивили убиени во судирите блиску границата меѓу Пакистан и Авганистан

Следно

Рафиња: Сакав да си одам од Барселона, ама Флик ме убеди да останам!

Latest from Blog

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните

Божиновска: Имаме добра хидролошка состојба, акумулациите се на 70 проценти

Министерката за енергетика Сања Божиновска соопшти дека домашните акумулации во моментов се исполнети околу 70 проценти, што, како што истакна, овозможува сигурно управување со расположливиот хидропотенцијал и стабилно функционирање на електроенергетскиот систем.

Реал Мадрид го потврди трансферот на Диоманде

Повеќе нема дилеми дека досегашниот член на Ред Бул, Јан Диоманде се сели во Мадрид, и потпишува за тимот на Реал. Оваа информација ја потврдија и „Кралевите“ со официјално соопштение по повод
Go toTop