Орце Ѓорѓиевски: Благодарен сум на жените кои ја движат економијата и инспирираат промени

October 11, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со својата сопруга, присуствуваше на саботен ручек со жени од бизнис секторот, организиран од мрежата „Јас Сум Жена“. Настанот ги обедини жените претприемачи, универзитетски професорки, директорки и менаџерки кои, како што истакна Ѓорѓиевски, „се двигателите на Скопје и ја градат посилната Македонија“.

„Имавме искрен разговор за предизвиците и за идеите што можат да го унапредат нашиот град. Едно е јасно – Скопје мора повторно да стане отворен град, во кој комуникацијата со граѓаните и деловниот сектор ќе биде жива, достапна и продуктивна“, порача Ѓорѓиевски.

Тој изрази благодарност за поддршката и енергијата на жените од бизнис заедницата, нагласувајќи дека нивната визија и посветеност се од клучно значење за развојот на Скопје.

„Им благодарам од срце за силната поддршка, за инспирацијата и за енергијата што ја носат. Заедно можеме многу повеќе. Да победиме заедно!“, додаде Ѓорѓиевски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола слави 100 години воздухопловство – Коњановски: Историја што инспирира идни генерации

Следно

По притисокот на јавноста: Борче Марковски, сопственикот на „Марковски компани“ оди во затворски притвор, НЕ ДОМАШЕН

Latest from Blog

Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија

Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во

Проданоски: 10 години „Гентерм“ во Прилеп – инвестиции, работни места и нови можности

Во Прилеп беше одбележана 10-годишнината од постоењето и работењето на компанијата „Гентерм“ во ТИРЗ Прилеп. По тој повод, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека компанијата во изминатата деценија прераснала во

Коњановски: Создаваме услови за нови инвестиции и соработка со Австралија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација за Република Македонија, Питер Трасвел. На средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу
Go toTop