Screenshot

Коњановски најави конкретни решенија за намалување на загадувањето во Битола

October 9, 2025
1 min read

Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола, истакна дека локалната самоуправа продолжува со заложбите за енергетска ефикасност и заштита на животната средина, со цел создавање на почиста и поодржлива средина за сите граѓани

Коњановски најави воведување субвенции за енергетска ефикасност и одржливост кои ќе вклучуваат нови фасади, дограми, велосипеди, соларни колектори и фотоволтаици со што ќе се намали загадувањето и трошоците за енергија кај граѓаните

На училишта, градинки, јавни институции и старскиот дом „Сју Рајдер“ ќе бидат поставени фотоволтаични системи кои ќе произведуваат чиста електрична енергија и ќе придонесат за енергетска независност на општината

 

Кандидатот потенцира дека се создаваат нови паркови и се спроведуваат пошумувања, заедно со едукативни активности за правилна селекција на отпад, со цел секој граѓанин да има активна улога во заштита на природата

Во партнерство со стручни институции ќе се воведат конкретни решенија за намалување на загадувањето, а ќе се постават повеќе пунктови и контејнери за селекција на отпад, заедно со медиумска кампања која ќе ги охрабри граѓаните да станат дел од промената

„Нашата заедничка мисија е да изградиме почиста, поздрава и поодржлива средина за нас, за нашите деца и за идните генерации Вистински избор е зелена и модерна Битола“ порача Коњановски

Висеото може да го погледнете тука

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски најави трансформација на Прилеп во функционален и достоинствен град

Следно

Меџити најавува нови инвестиции и активности за развој на чаршијата во Чаир

Latest from Blog

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките
Go toTop