MAGGI станува официјален партнер на македонскиот ракомет

October 7, 2025
1 min read

Ракометот одамна не е само спорт, туку симбол на македонската упорност, борбеност и гордост. А од денес, покрај играчите, тренерите и навивачите, на таа приказна ѝ се приклучува и еден нов партнер – MAGGI, бренд кој со децении е дел од светските трпези и секојдневни моменти.

Денес, на прес-конференцијата во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), беше најавено новото партнерство кое го поврзува вкусот и спортот, кујната и арената, семејството и тимот. MAGGI, бренд препознатлив по своите супи, бујони, зачини, тестенини и други додатоци во исхраната, станува официјален спонзор на РФМ, носејќи порака дека заедништвото е најважниот рецепт за успех.

Александар Стефанов, претседател на РФМ истакна: „Партнерството со MAGGI е уште еден доказ дека македонскиот ракомет продолжува да расте и да обединува. Заедно со овој бренд, кој е симбол на топлина и вкус, ја спојуваме спортската енергија со семејните вредности и секојдневието на нашите навивачи. Убеден сум дека оваа соработка ќе донесе многу позитивни приказни и нови победи.“

 

„Најголемиот светски прехранбен бренд MAGGI е присутен во Македонија не само во кујните и на семејните трпези, туку добро знае и што тука најмногу сакаме покрај добрата храна, а тоа е ракометот. Затоа решивме со сето срце да го поддржиме омилениот локален спорт и нашата сјајна репрезентација во нивните победи. Со спортот одат и духот на заедништвото и здравите навики, а токму во тоа цврсто верува MAGGI,“ изјави Рената Матушиновиќ, генерален директор за категоријата храна за Југоисточна Европа во компанијата Nestlé.

Но приказната не завршува тука. Зад името и логото стои и едно големо срце – Nestlé, долгогодишен партнер и донатор на Банката за храна на Македонија. Тоа значи дека истата рака што го поддржува спортот, истата енергија што ги бодри ракометарите, ја носи и топлината во домовите на оние на кои им е најпотребна.

Со ова партнерство, MAGGI уште еднаш потврдува дека храната може да значи многу повеќе од вкус – може да биде поттик, поддршка и симбол на заедништво. А тоа е приказна со длабоки корени – MAGGI е присутен во Македонија повеќе од 20 години, станувајќи дел од секојдневните навики, семејните оброци и моментите што остануваат во сеќавање. Денес, таа традиција добива нова димензија – преку поддршката на спортот и заедницата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Папата Лав ќе ги посети Турција и Либан, што ќе биде негова прва посета во странство

Следно

Капело: Јуве – Милан? Неверојатно здодевно!

Latest from Blog

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден

Македонците во Албанија меѓу демографските предизвици и борбата за зачувување на идентитетот

Фото: Македонски весник “Илинден” Положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија во последните години е проследена со низа предизвици, особено во традиционалните средини во кои живее македонското население, како што се
Go toTop