Меџити со план за целосна трансформација на инфраструктурата во Чаир

October 7, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денес ја претстави првата програмска цел од неговата изборна платформа — сеопфатен план за модернизација на инфраструктурата и трајно решавање на проблемот со паркирањето, кој со децении ги оптоварува жителите на оваа општина.

„Ќе ја реализираме најголемата инвестиција во историјата на Чаир во јавни паркинг-простори,“ истакна Меџити, најавувајќи изградба на двокатен подземен паркинг под плоштадот „Скендербег“, со капацитет од 800 возила на површина од 12.500 квадратни метри. Овој проект, како што додаде, ќе ја ослободи централната зона и ќе ја зголеми вредноста на Старата скопска чаршија.

Покрај тоа, ќе се реконструира големиот паркинг во Фуше Топанë од 2.150 м², со што ќе се олесни сообраќајниот метеж во населбата.

Во рамките на пошироката инфраструктурна стратегија, ќе се изградат повеќекатни гаражи на пет клучни локации: кај комплексот „Чаирчаниа“, во населбата „Саук Чешма“, во Фуше Топанë, на булеварот „Никола Карев“ и кај спортската сала „Партизани“.

Фокусот на програмата е и целосната реконструкција и проширување на сообраќајната мрежа во Чаир. Булеварот „Цветан Димов“ ќе стане модерен со шест ленти и велосипедски патеки, додека со проширувањето на „Митхат Фрашери“ и новата врска „Џон Кенеди“ – „Никола Карев“ ќе се создаде нов комуникациски коридор што ќе го растовари сообраќајот и ќе ја зголеми поврзаноста на општината со остатокот од градот.

Проектите ги вклучуваат и новите булевари „Хрватска“ и „Црна Гора“, како и обиколницата на Гази Баба кај Природно-математичкиот факултет, кои ќе отворат нови можности за развој на општината.

Во старите урбани јадра — Топаана, Стар Чаир, Фуше Топанë и Тенеќе маало — се предвидува комплетна реконструкција на улиците „Емин Дураку“, „Ферид Мурати“, „Масут Садик“, „Парашкева Кирјази“ и многу други.

„Чаир ќе добие ново осветлување, подземни електрични инсталации и улици со еднонасочно движење, со што ќе се обезбеди повеќе ред, безбедност и ефикасност,“ порача Меџити.

Со овој сеопфатен план за урбан развој, тој најави дека Чаир ќе стане современа, функционална и добро уредена општина.

„Време е за инвестиции, време е за работа и развој. Време е Чаир да оди напред,“ заврши Меџити.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Коњановски: Новата зграда на пожарникарите е инвестиција во безбедноста на Битола

Следно

Анкета на ИПИС: Меџити пред Османи во Чаир, расте поддршката за ВЛЕН

Latest from Blog

Нобеловата награда за физика им припадна на тројца квантни научници од САД

Нобеловата награда за физика оваа година ја добија Џон Кларк, Мишел Х. Деворе и Џон М. Мартинис „за откривање на макроскопско квантно механичко тунелирање и квантизација на енергијата во електрично коло“, соопшти

Албанската полиција уапси три лица поврзани со убиството на судијата Калаја, потфрлило обезбедувањето во судот

 Во инцидентот се повредени уште три лица. мотивот за ваквиот чин засега е непознат. По пукањето, како што пренесуваат албанските медиуми, Шкамби сам се предал, по што веднаш бил приведен. Убиството ја

ВИДЕО: Се урна зграда во центарот на Мадрид, се трага по исчезнати лица

Зграда во изградба се урна денес во самиот центар на Мадрид, која се наоѓа на улицат Кале Хилерас број 6. Според првичните извештаи, најмалку тројца работници се повредени , а службите за итни случаи бараат уште двајца за кои се
Go toTop