Ѓорѓиевски: Карпош ќе добие мегапарк, зелени коридори и подобрена сообраќајна инфраструктура

October 6, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес најави почеток на големи урбанистички и еколошки проекти во општина Карпош, вклучувајќи го изградбата на Мега парк – Лепенец. Според неговите најави, новиот парк ќе се протега по течението на реката Лепенец, на потегот меѓу Бардовци и Даме Груев, со вкупна површина од над 300.000 квадратни метри, и ќе биде првиот мегапарк што ги поврзува повеќе скопски општини.

Паркот ќе биде наменет за рекреација, спорт и семејни активности, а ќе вклучува и зелени коридори со пешачки и велосипедски патеки кои ќе ги поврзуваат населбите, парковите и јавните институции. Ѓорѓиевски најави дека овој проект е дел од пошироката визија за „зелено Скопје“, која предвидува и проекти како Мега парк Вардариште, Градска шума „Расадник“ во Кисела Вода, мега парк долж булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, како и „Скопски зелен архипелаг“ со 50 нови маалски паркови низ градот.

Покрај парковите, кандидатот најави и значајни инфраструктурни проекти. Меѓу нив се доизградбата на булевар „Љубљанска“, со поврзување на мостот до улицата „Скупи“, клучката „Момин поток“ и реконструкцијата на улицата „Загребска“, важна за пристапот до Детската болница „Козле“.

 

 

„Со овие проекти градиме Скопје по мерка на човекот – каде зеленилото, мобилноста и квалитетот на живот одат рака под рака“, порача Ѓорѓиевски, истакнувајќи дека целта е Карпош и другите општини да станат современи, функционални и зелени урбани средини.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска го отвори 13. Советување на МАКО СИГРЕ: Иновации и идеи за развој на енергетиката

Следно

Костовски на Фејсбук: Подаваме рака за нашите пензионери

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop