Божиновска го отвори 13. Советување на МАКО СИГРЕ: Иновации и идеи за развој на енергетиката

October 6, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес го отвори 13. Советување на МАКО СИГРЕ, клучен настан за електроенергетскиот сектор во земјава, кој го собира академскиот и индустрискиот кадар за размена на идеи, иновации и практични решенија. Божиновска го отвори советувањето како Претседател на Почесниот одбор, што ја потврдува довербата и континуираната соработка меѓу Министерството и организацијата.

Во своето обраќање, министерката нагласи дека советувањето е место каде се дебатираат најновите реформи и достигнувања во енергетиката. Трудот, креативноста и посветеноста на инженерите се вистинската движечка сила на напредокот во секторот.

Божиновска посочи дека, и покрај растечката улога на вештачката интелигенција во анализи и симулации, ништо не може да го замени човечкиот потенцијал и знаењето на професионалците:

 „AI може да помага, но не може да го замени креативниот ум, искуството и страста на инженерите кои го обликуваат секој аспект од енергетскиот сектор.“ нагласи Божиновска.

Посебен акцент беше ставен на младите инженери и студенти, како иднина на секторот: „Вашата енергија и ангажман се основа на долгорочниот развој на енергетиката.“истакна Божиновска

Министерката ги потврди приоритетите на Министерството:

• обезбедување енергетска стабилност и сигурност;

• зголемување на уделот на обновливи извори како сонце, ветер и геотермална енергија;

• модернизација на мрежната инфраструктура со дигитални и паметни системи;

• поддршка за инвестиции преку предвидлива регулатива и јавни-приватни партнерства;

• развој на човечки капитал преку образование и стручни обуки;

• засилена регионална и меѓународна соработка.

„Во време на темелни промени – декарбонизација, дигитализација, децентрализација и интеграција на пазари – вакви форуми се од непроценлива важност. Нека ова советување биде почеток на нови иницијативи, засилени проекти и трајна координација меѓу сите чинители“, наведе Божиновска во своето обраќање пред учесниците.

На настанот учествуваат експерти од индустријата, академијата и младите инженери, а Министерството ќе продолжи да обезбедува поддршка и дијалог со сите чинители во секторот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Марија Спасовска ќе ви покаже зошто е најубаво она што е „Забрането“!?

Следно

Ѓорѓиевски: Карпош ќе добие мегапарк, зелени коридори и подобрена сообраќајна инфраструктура

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop