Ѓорѓиевски од Ѓорче: Нашата борба е за иднината на нашите деца

October 4, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска се обрати од народниот митинг во општина Ѓорче Петров, во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.

„Во Ѓорче Петров, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи како никогаш досега. Ви благодарам однапред за поддршката и посветеноста, Скопје да го направиме градот кој повторно ќе биде нашата гордост. Ѓорче Петров ќе продолжи да се развива успешно, а по изборите и Скопје ќе заличи на убаво и пристојно место за живеење“, рече Ѓорѓиевски пред граѓаните.

Тој истакна дека како иден градоначалник ќе го даде својот максимум и дека Скопје повеќе нема време за изговори и експерименти.

„Скопје нема време за изговори, нема време за експерименти. Му треба докажана работа. Ќе работиме со љубов и ќе гледаме на предизвиците како на решенија и перспектива“, нагласи тој.

Ѓорѓиевски упати порака и до своите политички опоненти:

„Скопје нема време за театар, нема време за неуспешни обиди и нема време за втори шанси.“

Во своето обраќање, тој најави неколку клучни проекти што ќе ги реализира како иден градоначалник — од генерално чистење на градот до нови инфраструктурни решенија.

„Мојата прва акција ќе биде генералка на главниот град – масовна акција за чистење која ќе трае 72 часа. Веднаш потоа следува четиригодишната програма ‘Град без депонии’. Дивите депонии ќе станат минато“, рече Ѓорѓиевски.

Тој најави и изградба на нов резервоар и пумпна станица за стабилен притисок на водоводот во Ѓорче Петров.

„Граѓаните со години се соочуваат со слаб притисок на вода. Ќе обезбедиме стабилен систем кој ќе им служи и на генерациите што доаѓаат“, додаде тој.

На крајот од говорот, Ѓорѓиевски порача дека оваа изборна битка не е само за инфраструктура, туку и за иднината на Скопје.

„Ние не бегаме од проблемите – ние ќе ги решаваме. Ова е битка за душата на главниот град и за иднината на нашите деца, кои треба да растат во метропола со европски вредности и македонски печат“, заврши Ѓорѓиевски.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фото: Брусот на Теа Таировиќ

Следно

Михајловски: Со заокружување на бројот 9, советниците ќе му служат на народот и на Куманово

Latest from Blog

Младоженец е убиен додека одел на сопствената свадба, причината е морничава

Невидениот злостор се случил во областа на полициската станица Кета Сараи, соопштија официјални лица. Според началникот на полицијата во Кунвар, Анупам Сингх, обвинетиот, идентификуван како Прадип Бинд, заедно со соучесник, отворил оган

Хоџа: Потребни се заеднички решенија за климатските предизвици

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествуваше на министерската тркалезна маса на 5-тиот Меѓународен форум за води што се одржува во Истанбул, Република Турција. Во своето обраќање, тој ја

ЛШ: Арсенал по 20 години повторно ќе игра финале, Сака е херојот на Лондон (ВИДЕО)

По дводецениско чекање, навивачите на Арсенал ќе имаат можност да гледаат уште едно големо финале во Лигата на шампионите на УЕФА во кое ќе настапи нивниот омилен тим. „Топчиите“ минимално со 1:0
Go toTop