Тоневски уверува: „Платите на рударите се зголемени, не се намалени“

October 4, 2025
1 min read

Во загреана атмосфера, кандидатите за градоначалници на Општина Пробиштип, Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот градоначалник Драган Анастасов – Ладич од СДСМ, влегоа во препукувања и дијаметрално различни ставови околу платите и условите на рударите.

Анастасов му префрли на својот противкандидат дека тој и неговата влада треба да внимаваат „да не се затвори рудникот“, дека „платите на рударите се намалени за 35%“ и се осврна на критиките што Тоневски ги упатуваше кон поранешното раководство на рудникот.

На тоа, Тоневски возврати: „Платата на рударите ниту еден денар не е намалена. Зголемена е на сите оние кои работат во рударството.“ Тој дополни дека, иако платите во администрацијата можеби не се зголемени, тие не се ниту намалени.

Тоневски ја потенцираше и својата лична поврзаност и експертиза со рударстово: „Моето прво вработување е во рудникот. Дедо ми беше рудар, татко ми беше рудар, чичко ми беше рудар. Јас го сакам рудникот повеќе од сите и знам дека општината не може да функционира без рудникот.“

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Понижениот Тен Хаг пред „нов“ ангажман – се враќа во старото јато?

Следно

Комерцијална банка и Алкалоид со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,97%

Latest from Blog

Низ САД се шири лесно достапна дрога- „хероинот од бензинска пумпа“ е посилна од фентанил

Америка се соочува со нова закана – супстанцијата 7-OH, која Администрацијата за храна и лекови (FDA) веќе ја прогласи за „следен бран на епидемијата на опиоиди“. Оваа хемикалија доаѓа од растението кратом,

АС: Реал ќе ги продава Чуамени и Камавинга

фото: Um Madridista @UmMadridistaa (X) Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери.  Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за

СТИГНА ОДГОВОР: Дали Германија ќе распореди сили во Ормуз?

Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги намали надежите за евентуално брзо распоредување на германските сили како дел од евентуална воена операција за отворање на Ормутскиот теснец, објави денес „Тагешау“. Клучна
Go toTop