ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип: СДС преку здруженија си ги полни џебовите со јавни пари

October 4, 2025
1 min read

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип обвини дека владејачката СДС ја користи општинската каса за финансирање на свои партиски кадри преку здруженија.

Во соопштението се наведува дека од буџетот се издвоиле 167.000 денари за здружението „ТЕРА САПИЕНТИА“ од Злетово, чиј основач е актуелниот советник и кандидат за советник на СДС, Дарко Кузев, а претседател е Марјан Ѓичев, исто така кандидат на листата на СДС за претстојните локални избори.

„Станува збор за здружение формирано и раководено директно од советници на СДС – а токму тие добиваат пари од истиот тој буџет кој треба да им служи на сите граѓани. Ова е класична злоупотреба и параван преку кој партијата си полни џебови со јавни пари,“ стои во соопштението.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип прашуваат дали ваквите организации се навистина невладини или претставуваат алатка за партиско финансирање и предупредуваат дека општинските средства се претвораат во партиски фондови на СДС.

„Особено е загрижувачко што лица кои треба да ја претставуваат независноста на Советот, денес ги користат функциите за партиска корист. Наместо отчетност и транспарентност, гледаме лични и партиски интереси,“ порачуваат од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе ги извести сите надлежни институции за да се испита случајот и да се утврди дали постојат елементи на злоупотреба, судир на интереси или криминал.

„На граѓаните им должиме отчетност, а на оние што го гледаат буџетот како сопствена каса – одговорност,“ порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПСЖ ја победи Барселона пред три дена, а сега сака да и земе играч бесплатно

Следно

ДУИ: Во општина Бутел градоначалник мора да биде албанец, не Дарко Костовски

Latest from Blog

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Go toTop