Ѓорѓиевски во Чаир: „Нашата визија за Скопје е реална и остварлива“

October 3, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва се сретна со жителите на Чаир, каде што ја презентираше својата визија за развој на главниот град.

„Вечерва сум меѓу моите чаирчани, вистински домаќини кои сакаат и заслужуваат подобар живот во Скопје. Им ја претставив мојата визија за Скопје која не ги игнорира проблемите, туку храбро се соочува со нив. Проблемите се големи, но решенија постојат и ние ги имаме“, истакна Ѓорѓиевски.

 

 

Тој се заблагодари за топлиот прием и искрената поддршка, нагласувајќи дека секоја стисната рака му дава дополнителна мотивација. „Ви ветувам дека ќе работиме посветено и деноноќно, без изговори, за Скопје повторно да стане достоинствено место за живеење,“ додаде тој.

Ѓорѓиевски посочи дека Чаир во минатите години бил запоставен и заборавен, но во неговиот мандат тоа ќе се промени. „Подавам рака на сите, затоа што Скопје е наш заеднички дом. Заедно ќе го изградиме градот каков што навистина го заслужуваме,“ порача кандидатот.

Настанот заврши со пораката дека „најдоброто допрва доаѓа“ и дека граѓаните на Скопје ќе имаат можност да изберат визија која ставa човекот на прво место.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Психолоџи Тудеј: Шахот како начин за проучување на преголема самодоверба

Следно

Мицкоски до Ахмети: Игрите на етничка карта се научени, ние читаме една нова книга за Македонија која е развиена, во која младите се враќаат

Latest from Blog

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Go toTop