Screenshot

Коњановски најавува современо и безбедно уредување на реката Драгор

October 3, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски, претстави една од најзначајните заложби за следниот мандат – уредување на коритото на реката Драгор, симбол на градот и неговата историја.

„Сега е време овој симбол да добие ново лице, со уредување по највисоки светски стандарди. Со овој проект не само што ја заштитуваме реката и околината, туку создаваме простор кој ќе нè обединува,“ рече Коњановски.

Проектот предвидува реконструкција на мостовите, изградба на нови пешачки патеки за полесно и побезбедно движење, како и поставување на современо, енергетски ефикасно осветлување, со цел Драгор да биде активен и безбеден дел од градот и во текот на ноќта.

 

Коњановски истакна дека со овој потег се докажува дека традицијата и современите решенија можат да одат рака под рака, создавајќи подобар и пофункционален урбан простор за сите граѓани на Битола.

Видеото може да го погледнете тука

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Англичаните го објавија списокот: Тухел ги „откачи“ Фоден, Белингем и Грилиш

Следно

Големиот војвода Гијом положи заклетва како нов владетел на Луксембург

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop