Министерството за спорт генерален покровител на 21. Виз ер Скопски маратон

October 2, 2025
2 mins read

Владата и Министерството за спорт секогаш ќе застанат зад вакви манифестации кои ја промовираат Македонија во најдобро светло, истакна министерот Борко Ристовски на денешната прес конференција на која беше најавено 21.издание на Виз ер Скопскиот маратон што ќе се одржи на 5 октомври, под генерално покровителство на Министерството за спорт.

-Драго ми е што оваа традиционална манифестација се сфати од државата многу посериозно, не само преку финансиската поддршка и покровителството, туку и со целата потребна огранизациска поддршка. Јас секогаш сум за тоа да се поддржуваат вакви манифестации, кои што промовираат спорт и што е поважно од самите спортски резултати, се промовираат вистински вредности, кои што треба да се втемелени во генот на нашите дечиња – рече Ристовски.

 

 

Министерот за спорт посочи дека Виз ер Скопски маратон е пример како спортот може да обедини и да испрати позитивна порака за нашата земја.

-Овој настан е гордост за сите граѓани и е симбол на здрав дух, енергија и спортски вредности. Владата и Министерството за спорт ќе продолжат да даваат силна поддршка на вакви манифестации, бидејќи тие ја промовираат Македонија во најдобро светло, го поттикнуваат туризмот, ја зголемуваат меѓународната видливост на државата, а воедно инспирираат илјадници млади луѓе да се занимаваат со спорт и да градат здрави навики – дополни Ристовски и упати порака дека овој реномиран спортски настан во иднина ќе има уште поголема поддршка од државата и од Град Скопје.

Претседателот на Сојуз на спортови – Скопје, Зоран Стојановиќ ја потенцираше поддршката и помошта од Министерството за спорт, на чело со министерот Ристовски.

-Сакам да искажам голема благодарност до Министерството за спорт и Министерот Ристовски, коини беа од огромна помош во решавањето на големи технички проблеми кои искрснаа. Поради тоа, сакам да го замолам да почне уште од сега да размислува за маратонот следната година, со цел да го направиме уште поуспешен – истакна Стојановиќ.

На прес конференцијата се обрати и Бен Нупнау, заменик на амбасадор на Делегацијата на Европската Унија, кој потенцираше дека маратонот е повеќе од спортски настан.

-Ни претставува голема чест што и оваа година ќе можеме да го поддржиме Скопскиот маратон. Нашата соработка започна уште во 2007 година, а од 2019 година даваме поддршка на традиционалниот штафетен маратон. Европската унија не само што дава институционална поддршка на Скопскиот маратон, туку имаме и тркачи од таканаречениот ЕУ тим, кои што ќе учествуваат на маратонот во недела. Виз ер Скопски маратон е мост што ги поврзува луѓето преку спортот и заедништвото. Тој ја носи европската порака за инклузија, еднаквост и солидарност. Чест ни е што ЕУ е дел од оваа приказна која инспирира и ги сплотува граѓаните – изјави Нупнау и ги повика граѓаните да има дадат поддршка на учесниците на маратонот.

Оваа година, Скопје ќе биде домаќин на рекорден број пријавени учесници – повеќе од 14.000 натпреварувачи од 58 земји ширум светот, што претставува историски рекорд за најголемиот спортски настан во државата. Најмасовна останува трката на 5 километри со околу 10.300 учесници, при што третпат по ред доминираат жени – нешто што претходно не било случај.

Во рамките на ова издание ќе се одржи и Балканско и Национално првенство во маратон, што дополнително ги зголемува важноста и престижот на настанот

Директорот на Виз ер Скопски маратон, Кире Синадиновски изјави дека 21. издание е посебно поради рекордниот интерес и фактот што манифестацијата прераснува во еден од најголемите спортски настани во регионот.

Јубилејниот 21. Виз ер Скопски маратон ветува уште едно незаборавно издание кое ќе ја претвори метрополата во вистински спортски центар, обединувајќи ги натпреварувачите, навивачите и граѓаните во единствена маратонска магија низ улиците на Скопје.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костовски: Во Бутел се изградија 102 улици во вредност од 320 милиони денари, ветувањата се реализираат!

Следно

Меџити најави ново современо училиште во Тенеќе Маало за 1300 деца

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop