Министерството за енергетика воведува ред во правните постапки и наплатата на долгови

October 2, 2025
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини покрена 17 постапки за наплата на долгови во вредност од 32,8 милиони денари, со што за првпат воспоставува системски пристап за заштита на буџетот и интересите на државата.

„Во изминатите години државата беше оставена без активна правна заштита – не се оспоруваа клучни докази, не се преземаа мерки за застареност на побарувањата и не се бранеа државните позиции. Ние го менуваме тој пристап. Министерството активно се вклучува во секоја судска постапка, бара стручни вештачења, ја координира одбраната со Владата и иницира тужби за наплата на долгови“, изјави министерката Сања Божиновска.

Со преземањето на надлежностите, Министерството затекнало шест судски предмети против државата во вредност од 421,8 милиони денари. По активното вклучување на правниот сектор, две тужби во износ од 315 милиони денари биле одбиени, со што буџетот е заштитен од сериозен финансиски удар. Вкупната вредност на предметите против Министерството е намалена на 106,8 милиони денари.

 

Истовремено, правниот сектор утврдил дека претходно не биле поведувани постапки за наплата од должници за неплатен концесиски надомест. Во соработка со секторот за минерални суровини, идентификувани се застарени побарувања и должници од кои државата има основ да бара исплата.

Од Министерството информираат дека дел од новопокренатите тужби веќе се завршени со спогодби и позитивни пресуди, а на Управниот суд се водат околу 20 предмети поврзани со концесии, при што веќе е воспоставена позитивна судска пракса во корист на државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Со тим од експерти и чесен пристап – Скопје има иднина“, порача Ѓорѓиевски

Следно

Стефковски: Градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево

Latest from Blog

Донбас станува „ДОНИЛЕНД“?

Украинските преговарачи, според американскиот весник „Њујорк тајмс“, разгледале необичен симболичен предлог дел од Донбас да се нарече „Дониленд“ како дел од мировните преговори. Како што пишува овој американски весник, причината за ова

Мбапе и Вини го “средија“ Алавес, ама фановите на Реал со свирежи кон „ѕвездите“!

ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/ Реал Мадрид – Алавес 2:1 е исходот од вечерашниот меч од 33.коло во Ла Лига. Иако гостите во неколку наврати опасно се заканија, сепак „кралевите“ успеаја да дојдат до трите бода
Go toTop