Ѓорѓиевски: Градскиот воз ќе тргнува од Драчево кон центарот на Скопје

September 30, 2025
1 min read

Она што требаше да биде мала средба со граѓаните во Драчево вечерва прерасна во вистински митинг, изјави кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, пред бројните драчевчани беше претставена визијата за „достоинствено Скопје“.

Ѓорѓиевски истакна дека министерот Николоски ексклузивно најавил дека утре ќе се потпише договорот за проектот „градски воз“, кој многу брзо ќе почне да се реализира.

„Првата линија ќе минува токму низ Драчево и за само 7 до 11 минути ќе се стигнува до центарот на Скопје. Ова е историски чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани и ќе го отвори патот кон поразвиено, современо и поврзано Скопје,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека поддршката од Владата на Република Македонија е доказ дека заедно може да се гради иднината што граѓаните ја заслужуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чарли Шин се враќа, но овој пат со безалкохолно пиво: Тоа е „ресет“ на мојот живот

Следно

Мицкоски: Промените не доаѓаат како молња, туку како изгрејсонце, тивко но неизбежно

Latest from Blog

Бојкоски: Со новата мерка спортот станува достапен за сите деца

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, информираше дека Комисијата за спорт донела едногласна одлука за субвенционирање на спортски клубови во кои членуваат деца од ранливи категории, со што се воведува

Мерко удри по ДУИ: Селективна правда и двоен аршин за функционерите

Поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, излезе со јавна реакција во која укажува на, како што вели, постоење на двојни стандарди и селективна правда во третманот на поранешни функционери, при што директно

ВЛЕН: Кадровската моќ била кај ДУИ, но без решенија за студентите

Коалицијата ВЛЕН излезе со нова реакција во која упатува сериозни обвинувања кон ДУИ за, како што велат, долгогодишен неуспех и свесно занемарување на правото на албанските студенти да го полагаат правосудниот испит
Go toTop